Карлос Алкараз го израми рекордот за најмногу грен слем титули до 22 години
- Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го победи Србинот Новак Ѓоковиќ и го освои Вимблдон втора година по ред.
Лондон, 14 јули 2024 (МИА) - Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го победи Србинот Новак Ѓоковиќ и го освои Вимблдон втора година по ред.
Со 21 година и 70 дена, Шпанецот стана четирикратен Грен слем шампион. Тој го израмни рекордот на Борис Бекер, Бјорн Борг и Матс Виландер за најмногу TBS титули под 22-годишна возраст.
Покрај неговите две победи на Вимблдон, Алкараз го освои и Ролан Гарос во 2024 година и УС Опен во 2022 година. Вкупно има 14 АТП титули во сингл. зс/
Фото: ЕПА