• недела, 14 јули 2024

Де ла Фуенте: Натпреварот против Англија ќе биде многу поинаков од оние што ги игравме досега на Евро 2024

Де ла Фуенте: Натпреварот против Англија ќе биде многу поинаков од оние што ги игравме досега на Евро 2024

Берлин, 14 јули 2024 (МИА) - Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис де ла Фуенте го сподели своето мислење за репрезентацијата на Англија.

- Ова е одличен тим. Без разлика на резултатите на ова Евро, знаев дека Англија е многу добра. Имаат одличен состав, јасно беше дека порано или подоцна ќе се истакнат. Верував во ова поради исклучителниот квалитет на нивните играчи. Мислам дека натпреварот со Англија ќе биде многу поразличен од оние што ги игравме досега на Европското првенство, истакна Де ла Фуенте.

Натпреварот меѓу Шпанија и Англија ќе се одигра во Берлин вечер со почеток во 21 часот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан