Меси има силна желба да игра на Светското првенство 2026
- Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, одговори дали би играл на Светското првенство во 2026 година.
Мајами, 3 ноември 2025 (МИА) – Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, одговори дали би играл на Светското првенство во 2026 година.
-Желбата е тука и е огромна. Но, важно е да се чувствувам добро за да бидам корисен, да помогнам и да играм на највисоко ниво, изјави Меси.
Репрезентацијата на Аргентина е актуелен светски шампион.
Домаќини на Светското првенство во 2026 година ќе бидат САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули. зс/
Фото: ЕПА