• петок, 04 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мерсие: Со последните напади Русија покажа дека говори со јазикот на теророт, а не на мирот

Мерсие: Со последните напади Русија покажа дека говори со јазикот на теророт, а не на мирот

Брисел, 24 април 2025 (МИА) - Русија продолжува со своите неселективни напади врз Украина, со што покажува дека говори со јазикот на теророт, а не на мирот, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за проширување, меѓународни партнерства и Медитеранот, Гијом Мерсие во врска со руските напади врз украински градови извршени минатата ноќ.  

- Имавме руски напади врз Киев и други градови минатата ноќ. Ова беше еден од најсмртоносните напади со девет убиени цивили и над 70 повредени, изјави Мерсие. 

Последните руски напади врз Украина, претходно, ги осуди и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. 

- Додека тврди дека сака мир, Русија изврши смртоносен воздушен напад врз Киев. Ова не е барање мир, тоа е исмејување со него. Вистинската пречка не е Украина, туку Русија, чии воени цели не се променети, наведе Калас во објава на Икс. 

Во врска со некои изјави на претставници на земји членки на ЕУ дека Украина би требало да се согласи на некои отстапки во земена за мир со Русија, Мерсие нагласи дека позицијата на Унијата по оваа прашање е сосема јасна. 

- Украина е таа што треба да одлучи кои се вистинските услови кога е во прашање мирот и ништо за Украина без Украина и без ЕУ. Од клучно значење е поддршката на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, додаде Мерсие. Сп/ 

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан