• понеделник, 23 декември 2024

Меморандум за соработка меѓу МИА и Државниот архив за дигитализација на фотографии и други материјали

Меморандум за соработка меѓу МИА и Државниот архив  за дигитализација на фотографии и други материјали

Скопје, 12 мај 2023 (МИА) -  Медиумската информатива агенција (МИА) и Државниот архив на Република Северна Македонија денеска потпишаа Меморандум за соработка, кој се однесува во полето на науката, образованието и културата. Меморандумот предвидува дигитализација на фотографии и други материјали од архивата на МИА.

В.д. директорот на Државниот архив Емил Крстески посочи дека меморандумот што денеска го потпишаа е значаен бидејќи токму преку соработката со Медиумската информатива агенција се овозможува афирмирање на нашата историја.

 null

-Сметам дека овој меморандум за соработка со МИА е мошне значаен, бидејќи соработката се однесува во полето на науката, на образованието и културата, кои се многу значајни за целиот информативен систем во нашата земја. Ова е добро, затоа што станува збор за афирмација на нашата историја и нашето минато преку МИА, која се надевам ќе ги шири фактите и работите што се случиле во минатото и се значајни за денешницата и за иднината. Посакувам да имаме плодна соработка, додаде Крстески.

null

 

Тој напомена оти очекува да се користат и стари фотографии кои би требало да бидат презентирани пред јавноста, како и многу други содржини кои преку МИА ќе допрат до пошироката јавност.

МИА и Државен архив потпишаа меморандум за соработка ФОТО/МИА

Директорот на МИА Драган Антоновски посочи дека потпишувањето на меморандумот е вистински пример за меѓуинституционална соработка.

-Благодарам за она што претстои, за она што ќе го работиме заеднички. Ова е вистински пример за меѓуинституционална соработка меѓу МИА, која известува за случувањата во земјава, регионот и светот и Државниот архив кој знае како да се зачуваат материјалите за идните генерации. Тоа е нашето богатство. Целта е да ги издигитализираме старите фогографии на МИА, за да можат да останат како белег, печат, на она што се случува последните 20 години во земјава, за да може да го користат научната јавност и граѓаните, но секако и да остане како архив за идните поколенија, рече Антоновски.бт/лв/

Остани поврзан