• сабота, 21 декември 2024

Италијанската премиерка Мелони порача дека Израел мора да се брани, но и да го почитува хуманитарното право

Италијанската премиерка Мелони порача дека Израел мора да се брани, но и да го почитува хуманитарното право

Рим, 7 октомври 2024 (МИА) - Италијанскaтa премиеркa Џорџа Мелони денеска го истакна легитимното право на Израел да се брани, како и потребата земјата да го почитува меѓународното хуманитарно право.

Таа ја даде изјавата по повод првата годишнина од нападот на палестинското движење Хамас врз населението на Израел на 7 октомври 2023 година, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

„Денес го нагласуваме легитимното право на Израел да се брани и да живее безбедно во своите граници, но и потребата тоа да биде со почитување на меѓународното хуманитарно право“, рече Мелони.

„Навистина, не можеме да останеме бесчувствителни на огромниот број невини цивилни жртви во Газа“, истакна Мелони. Таа нагласи дека тие се „двапати жртва: еднаш на цинизмот на Хамас, кој ги користи како жив штит, а потоа на израелските воени операции“. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан