Мелони: Законот против фемицидот е важен знак за сплотеност
- Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, изјави дека едногласното усвојување на нацрт-законот со кој фемицидот станува кривично дело казниво со доживотен затвор, е важен знак за сплотеност меѓу политичките партии во Италија, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.
Рим, 26 ноември 2025 (МИА) – Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, изјави дека едногласното усвојување на нацрт-законот со кој фемицидот станува кривично дело казниво со доживотен затвор, е важен знак за сплотеност меѓу политичките партии во Италија, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.
- Многу сум задоволна од одобрувањето на нацрт-законот со кој фемицидот се дефинира како кривично дело од страна на парламентот. Тоа е важен знак за политичка сплотеност против варварскиот карактер на насилството врз жените, изјави Мелони.
- Додаваме уште една алатка кон оние што веќе ги предвидовме, додаде премиерката на Италија.
Италијанскиот национален институт за статистика во понеделникот објави резултати од истражување според кое една третина од жените во Италија на возраст меѓу 16 и 75 години биле жртви на физичко или сексуално насилство, при што кај 26,5 проценти од жртвите насилниците биле нивни роднини, пријатели или колеги. јт/ссм/