• вторник, 02 јули 2024

Мелони: Демонизирањето на ултрадесницата повеќе не функционира

Мелони: Демонизирањето на ултрадесницата повеќе не функционира

Рим, 1 јули 2024 (МИА) – Демонизирањето на крајната десница повеќе не функционира, изјави премиерката на Италија, Џорџа Мелони по повод победата на ултрадесничарската партија Народно собрание во првиот круг од предвремените парламентарни избори во Франција.

- Постојаниот обид да се демонизираат луѓето кои не гласаат за левицата е замка во која паѓаат сè помалку луѓе. посочи лидерката на ултрадесничарската партија Италијански браќа.

Таа додаде дека тоа го има во Италија, но се повеќе и во Европа и на Запад. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан