• недела, 14 јули 2024

Мелда Кадри победник на „Радика Фест 2024"

Мелда Кадри победник на „Радика Фест 2024

Дебар, 15 јуни 2024 (МИА) - Пред преполна сала, во Центар за култура-Дебар, се одржа јубилејното15. издание на фестивалот на детски забавни песни "Радика-Фест 2024".

Најпрво присутните ги поздрави, а на учесниците им посака многу успех  Зинче Мимидиноски, директор на фестивалот, благодарение на чија неуморна работа и ангажираност а на радост на децата од поширокиот регион,  живее оваа културна манифестација.

На фестивалот настапија околу 40 деца од Дебар, Центар Жупа, Ростуше-Маврово, Струга и Охрид кои изведоа 16 нови авторски композиции.

Стручното жири во состав Меџит Муслиовски, Емин Мемишоски, Неџат Мимидиноски, Филип Василевски и Алберт Салиу доделија награди за најдобар вокал,  најдобар сценски настап, награда од публиката, награда за најдобар дебитант, за најдобар дует, бест талент и бест хит.

Победник на фестивалот на детски забавни песни на македонски јазик "Радика-Фест 2024" е Мелда Кадри од Дебар која ја испеа прекрасната песничката " Рок ен Рол". 

Нејзиниот магичен настап со прекрасна интерпретација и уште поубавиот сценски настап ги воодушеви присутните посетители. 

Наградата од публиката ја освои Надија Нурединоска од село Долно Косоврасти, наградата за најдобар вокал ја доби Елина Смајлоска од Боровец,  за најдобар сценски Ада Кадриоска од Струга, за најдобар дебитант јбеше прогласена Берна Фејзули од Ростуше, општина Маврово и Ростуше, наградата Бест талент ја доби Бида Оручоска додека наградата за  БЕСТ ХИТ ја доби Нела Беќировска.

Гостин во програмата на фестивалот беше ГАКУД „Браќа Ѓиноски" од Гостивар.

Директорот на фестивалот на детски забавни песни на македонски јазик Радика Фест 2024 година уште еднаш се заблагодари за финансиската поддршка од Министерството за Култура на република Северна Македонија, Општите Дебар, Центар Жупа, Маврово-Ростуше, МЦМС, Дебарски Бањи-Цапа Дебар, како и на поддршката на Центарот за култура Дебар каде уште од 2010 година е и седиштето на фестивалот Радика Фест. вт/лв/

фото: МИА

Остани поврзан