• недела, 24 ноември 2024

Мекол: Само 20 од 113 милијарди долар од американската помош за Украина завршува во Киев

Мекол: Само 20 од 113 милијарди долар од американската помош за Украина завршува во Киев

Вашингтон, 29 март 2023 (МИА) – Директорот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Мајкл Мекол изјави дека од 113 милијарди долари финансиска помош наменета за Украина, Вашингтон директно му врачува на Киев само околу 20 милијарди долари.

- Од 113 милијарди доделени за Украина, приближно 60 се наменети за американските војници, американските работници и модернизацијата на американските резерви. Всушност, само 20 милијарди долари се наменети за украинската Влада во форма на директна буџетска помош, посочи Мекол.

Тој посочи дека кога републиканците освоија мнозинство во Претставничкиот дом по среднорочните избори во ноември минатата година, тие јасно ставија до знаење „дека одговорноста ќе биде клучна за континуираната помош за Украина“. ми/

Остани поврзан