• петок, 26 април 2024

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами

Мајами, 28 март 2024 (МИА) – Русинот Андреј Медведев и Италијанецот Јаник Синер ја сочинуваат првата полуфинална двојка на тенискиот Мастерс во Мајами, САД.

Ова е епилогот по првите два четвртфинални меча на кои Медведев го совлада чешкиот тенисер Николас Јари со 2:0, додека Синер беше поуспешен од Томас Махач (Чешка) исто така со 2:0.

Другите двајца полуфиналисти ќе бидат познати по денешните мечеви:

Александар Зверев (Германија) – Фабијан Марожан (Унгарија)

Карлос Алкараз (Шпанија) – Григор Димитров (Бугарија). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан