• понеделник, 01 јули 2024

Мегваер: Подобриот тим загуби

Мегваер: Подобриот тим загуби
Келн, 17 август 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер беше крајно вознемирен по елиминацијата во полуфиналето на Лигата на Европа. „Црвените ѓаволи“ загубија со 1: 2 од Севиља во Келн и се вратија дома. - Подобриот тим загуби денес. Тешко е да се прифати таков пораз. Ние сме вознемирени затоа што по трет пат оваа сезона губиме во полуфиналето. Ние сме способни за повеќе, сакаме да освојуваме трофеи и нема да бидеме задоволни. Оваа година многу ја подобривме нашата игра. И денес имавме иницијатива и создадовме многу ситуации. Секој друг ден ќе победевме со голема разлика, рече Мегваер.

Тагови

Остани поврзан