• четврток, 16 мај 2024

Мегваер летна трансфер цел на Вест Хем

Мегваер летна трансфер цел на Вест Хем

 

Лондон, 19 март 2024 (МИА) – Премиерлигашот Вест Хем планира да ги засили своите редови за следната сезона со англискиот репрезентативец од Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, пренесуваат англиските медиуми.

Мегваер (31) од 2019 година го носи дресот на Манчестер јунајтед, а сезонава досега постигна два гола и додаде две асистенции на 24 натпревари во сите конкуренции.

Англискиот дефанзивец е проценет на 20 милиони фунти.

Во кариерата претходно настапуваше за Лестер, Хал, Шефилд јунајтед и Виган. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан