• недела, 22 декември 2024

МД ”Илинден”-Тирана учествува на семинар на работната група на словенските малцинства при ФУЕН

МД ”Илинден”-Тирана учествува на семинар на работната група на словенските малцинства при ФУЕН

Дебар, 19 октомври 2023 (МИА) - МД „Илинден”-Тирана учествува на 26. семинар на работната група на словенските малцинства при ФУЕН што се одржува во Загреб, Хрватска.

Според Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото, семинарот почнал денеска и ќе се одвива до 22 месецов.

Посочува дека програмата нуди мешавина од презентации и дискусии, екскурзии и културни перформанси кои обезбедуваат увид во традициите на српската заедница во Хрватска.

-  Домаќин е Националниот совет на Србите во Хрватска (СНВ). Има преку 30 учесници – од Молизеските Хрвати од Италија до Сорбите од Германија до Помаците од Грција – и опфаќаат пријатно широк спектар на земји и малцинства: застапени се 13 различни малцинства од 11 земји, меѓу нив и нашето друштво, изјави Ѓурѓај за МИА.

Додава дека со 32 организации членки, Работната група на словенските малцинства е работна група која е веќе добро воспоставена во мрежата ФУЕН и чии годишни семинари за словенските малцинства во Европа, организирани на различни локации, имаат долга традиција.

Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана член е на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства.вт/свс

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан