• четврток, 18 април 2024

МВР: 183 сообраќајни прекршоци во Скопје, 55 за брзо возење

МВР: 183 сообраќајни прекршоци во Скопје, 55 за брзо возење

Скопје, 1 јуни 2023 (МИА) - На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 183 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, 10 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, девет мерки за непрописно престројување на возила... Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

Остани поврзан