• недела, 22 декември 2024

МВР: СВР Скопје и внатрешната контрола работат на расчистување на нападот на полициски службеник врз колега

МВР: СВР Скопје и внатрешната контрола работат на расчистување на нападот на полициски службеник врз колега

Скопје, 18 февруари 2024 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди преземаат мерки и активности за расчистување на случајот од синоќа, кога околу 00.40 часот во угостителски објект во центарот на Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода И.Б.(43) од Скопје, полициски службеник кој не бил на должност, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Како што соопшти МВР, И.Б. е приведен во полициска станица и известен е јавен обвинител, по чии насоки се преземаат соодветни мерки и активности и по завршување на постапката ќе следува соодветен поднесок по насоки на Јавниот обвинител. Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по целосно документирање на настанот ќе бидат преземени соодветни дисциплински мерки согласно Колективниот договор во МВР. ев/

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан