• петок, 22 ноември 2024

МВР: Приведено лице од Косово, во камион криумчарело стока без документација

МВР: Приведено лице од Косово, во камион криумчарело стока без документација

Скопје, 6 јануари 2024 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север вчера околу 16:30 часот на улица „Јадранска магистрала“ во Скопје, го лишиле од слобода Н.Х.(49) од Косово, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“. 

-При преглед во товарното возило „рено“ со косовска национална ознака, кое го управувал, била пронајдена стока за која немал доказ за потеклото, односно не поседувал официјален заверен документ. Возилото и стоката биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било задржано во Полициската станица Чаир, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан