• понеделник, 01 јули 2024

МВР: Приведени 19 лица на фестивал во Дојран, кај нив била пронајдена дрога

МВР: Приведени 19 лица на фестивал во Дојран, кај нив била пронајдена дрога

Скопје, 1 јули 2024 (МИА) - За време на одржување на фестивал во Стар Дојран, полициски службеници ги лишиле од слобода на 29 и 30 јуни, и 1 јули полицијата лишила од слобода 19 лица кај кои била пронајдена дрога. 

-На 29 и 30 јуни и 1 јули, за време на одржување на фестивал во Стар Дојран, полициски службеници ги лишиле од слобода А.С.(29) од Струмица, Д.Ш.(24) од Гевгелија, Ј.Р.(23) од Скопје, К.В.(24) од Куманово, А.А.(32) од Струмица, Д.А.(34) од Скопје, Г.И.(46) од Скопје, Ј.Б.(32) од Гостивар, В.Г.(18) од село Црничани, гевгелиско, Т.П.(18) и К.Ц.(18), и двајцата од село Миравци, гевгелиско, Г.М.(47) од Скопје, Ф.И.(19) од село Удово, валандовско, Б.С.(23) од село Батинци, скопско, Д.З.(23) од Скопје, А.А.(30) од Валандово, Н.А.(18) од Скопје, С.П.(20) од Башино Село, велешко, и еден 17-годишен турски државјанин, информираат денеска од МВР.

Оттаму додаваат дека при преглед кај нив, како и при контрола во возила во кои се превезувале биле пронајдени марихуана, прашкаста материја и таблети. За настаните бил запознаен јавен обвинител, а по нивно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. сст/дма/

фото МИА архива

Остани поврзан