• сабота, 27 јули 2024

МВР на Србија потврди дека полицијата била информирана за заканата со бомби во возила на јавниот превоз во Белград

МВР на Србија потврди дека полицијата била информирана за заканата со бомби во возила на јавниот превоз во Белград

Белград, 29 ноември 2023 (МИА) - Од службата за информирање на Министерството за внатрешни работи на Србија за Бета потврдија дека денеска околу 10:30 часот полицијата била известена дека до ЈКП „ГСП Београд“ пристигнала порака по електронски пат дека во нивни возила се поставени „експлозивни направи“.

Во таа служба истакнаа дека контрадиверзантските единици веднаш излегле на терен и дека се проверува заканата.

Од службата за информирање не прецизираа за колку возила и за кои градски транспортни линии се однесува заканата. зш/

Остани поврзан