• среда, 25 декември 2024

МВР и ДПК констатираа неправилности во три менувачници во Куманово

МВР и ДПК констатираа неправилности во три менувачници во Куманово

Скопје 19 март 2023 (МИА) – При вчерашна контрола на правни и физички лица кои вршат дејност од областа на девизното работење, преку купување и продажба на ефективни странски и домашни пари, од страна на полициски службеници од ОКП-ОЕК при СВР Куманово, во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, констатирани се неправилности кај три правни и едно физичко лице.

Како што информираат од МВР неправилностите се однесуваат на прекршување на Законот за девизно работење. 

При контрола на правно лице од Куманово М.К, утврдено е дека не поседува Решение за вршење на дејност од НБРСМ, ниту Лиценца за вршење на продажба и купување на ефективни странски и домашни пари. Кај правното лице како нерезидент на НБРСМ во моментот на контролата во касата за дневен промет биле пронајдени голем износ на домашни и странски пари во различни валути, меѓу кои и 4,7 милиони денари, 41.400 американски долари, 2.700 евра, 1.100 швајцарски франци и 4.200 бугарски левови.

За време на контролата било констатирано дека и правно лице, чиј управител е Д.М. од Куманово, не поседува Решение за вршење на дејност од НБРСМ, ниту Лиценца за вршење на продажба и купување на ефективни странски и домашни пари, а во касата за дневен промет располагало со ефективни домашни и странски пари во голем износ, и тоа: 321.600 денари, 630 евра и 320 американски долари.

Во деловен објект – менувачница без регистрирано правно лице, во сопственост на М.А. од Куманово, е утврдено дека нема регистрирано правно лице во Централен регистар на РСМ, а не поседува ниту Лиценца ни Решение од НБРСМ за вршење на менувачко работење. Во моментот на контролата М.А. противправно поседувал домашни и странски валути во износ  од 325 евра, 100 американски долари, 4.700 швајцарски франци, 34.500 денари, 4.800 српски динари. 

На Градскиот плоштад во Куманово, затекнат бил М.С. од Куманово како врши менувачко работење спротивно од Законот за девизно работење и кај него се пронајдени 30.000 српски динари, 2.700 бугарски левови, 700 евра, 1.500 швајцарски франци, 162 американски долари и 65.300 денари. 

- За констатираната состојба спротивно на чл.54 од Законот за девизно работење на РСМ кај овие правни и физички лица беше известен дежурен јавен обвинител од ОЈО Куманово и по  целосно расчистување и документирање на случаите од страна на ОКП-ОЕК при СВР Куманово ќе биде изготвен соодветен поднесок, соопштуваат од МВР. свс/сп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан