• недела, 19 мај 2024

МВР казни 141 возач за брзо возење

МВР казни 141 возач за брзо возење

Скопје, 17 април 2024 (МИА) - Во акциската контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, полицијата казни 141 возач.

Од нив, како што соопшти МВР, 11 возачи се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 70 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 71 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. ОД МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта. сст/мд/

фото МИА архива

 


 
 

 

 

Остани поврзан