• четврток, 21 ноември 2024

МВР: Казнети 151 возач за брзо возење

МВР: Казнети 151 возач за брзо возење

Скопје, 15 февруари 2024 (МИА) - Во рамки на акциската контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, при што се казнети 151 возач.

Од нив, како што соопшти МВР, четири возачи управувале со возила со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а двајца со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 79 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 72 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта. сст/aa/

фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан