• петок, 27 септември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 19 септември 2024 (МИА) - Денеска (19.09.2024) на ул.„Волт Дизни“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.И.(30) од Скопје.

Тој бил осуден на 10 години и девет месеци казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за доиздржување на пет години и девет месеци од казната. Лицето било спроведенo во Полициското одделение Шуто Оризари  за понатамошна постапка, по што ќе биде спрведено во надлежната казнено – поправна установа за доиздржување на казната.

На 18.09.2024 во 14.45 часот на улица „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го приведоа Г.К.С.(21) од струшкото село Луково затоа што кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.А.(39) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа” и „злоупотреба на службена положба и овластувања“.

Тој, во својство на помлад референт - геометар во Министерството за финансии, Управа за имотно - правни работи во Струга, изработил лажно решение за приватизација на градежно земјиште по основ стекната со надомест, внел број од друг предмет, своерачно се потпишал и во име на овластениот потписник, фалсификувајќи го неговиот потпис, и го втиснал службениот печат од Министерството за финансии за првостепена постапка.

Изготвеното лажно решение на  29.05.2024 година го испратил во Одделение за катастар на недвижности во Струга со намера да биде катастарски впишано и спроведено, додека архивираниот предмет, чиј број го искористил, веднаш го уништил.

На 18.09.2024 во 16.00 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Ј.(37) од село Арнакија, скопско, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.

Против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

На 18.09.2024 во 07.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Доне Божинов“ и ул.„Ленинова“ во Куманово, велосипед удрил во пешакот М.Н.(46) од Куманово, по што возачот го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни порведи се здобила М.Н., констатирани во Градската општа болница Куманово. Извршен бил увид од екипа од СВР Куманово.

На 18.09.2024 во 14.40 часот во ОВР Гостивар, 31 - годишен гостиварец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 760 евра.

Според пријавеното, околу 09.00 часот лицето се јавило преку социјална мрежа и се претставило како Р.М. од Република Србија, кој работел во хуманитарна организација. Како што е пријавено, лицето го видело апелот за помош за негово лекување во странство и сакало да помогне со донација на поголем износ, но било потребно прво тој да уплати 760 евра бидејќи таква била процедурата. Исто така, според пријавеното, откако ги пратил парите преку брз трансфер на пари, лицето го блокирало, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (19.09.2024) во 08.45 часот во Полициската станица Аеродром бил извршен службен разговор со М.И.(40) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 16.09.2024 во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (19.09.2024) во 09.40 часот во Полициската станица Аеродром бил извршен службен разговор со К.В.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и упатувал закани на неговата 33 - годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.09.2024 во 14.00 часот во СВР Битола, Ј.Б.(41) од Кичево пријавил дека во неговата соба во интернат во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.Г.(37) од Вевчани, татко на неговиот цимер.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.09.2024 во 12.27 часот во СВР Скопје, Д.Д.(50) од с.Бојане, скопско, пријавил дека околу 12.00 часот во неговиот угостителски објект во с.Арнакија, скопско, поради претходна расправија, М.С., му се заканил со пиштол.

Увид бил извршен и по целосно документирање на случајот, Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава.   

На 18.09.2024 во 19.00 часот во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Б.А.(51) од Куманово, со живеалиште во Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодвеет поднесок.

На 18.09.2024 во 17.02 часот во Полициската станица Чаир, Ш.Б.(55) од Скопје пријавил дека во неговата фирма на подрачјето на полициската станица, три лица, од кои едното го познавал, му барале пари и му се заканувале поради наводен долг кон еден од нив.

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

На 18.09.2024 во 15.15 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници го привеле А.Т.(22) од Република Турција затоа што при пасошка контрола и проверки било констатирано дека го пречекорил туристичкиот престој.

Лицето било предадено на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.

На 18.09.2024 во 20.35 часот во СВР Скопје, М.Д.(50) од Скопје пријавила дека околу 18.50 часот на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.09.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека во с.Двориште, беровско, по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.С.(44) и М.П.(52), двајцата од с.Двориште, беровско, при што бил употребен и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.09.2024 во 23.10 часот во СВР Штип, Р.А.(32) од Штип пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга С.Д.(29) од Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 18.09.2024 во 16.10 часот во СВР Куманово, А.Т.(29) пријавил дека на улица „Братство единство“ во Куманово бил каснат од куче скитник.

На 18.09.2024 во 23.45 часот во СВР Куманово, Ј.К.(40) пријавил дека на улицата „11 Октомври“ во Куманово бил каснат од куче скитник.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Р.(52) и А.Ш.(79), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 30.03.2024, првопријавениот во дворот на семејната куќа ги снимал со телефон второпријавениот и неговата сопруга, по што настанала физичка пресметка помеѓу нив, во која второпријавениот со нож му нанел повреда на првопријавениот.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, поднесе кривична пријава против Ф.Х.(41) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 18.07.2024 пријавениот агресивно се однесувал во угостителски објект во Гостивар, оштетил дел од инвентарот и с еобидел да нападне едно лице.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.С.(44), Б.Џ.(41) и Р.А.(42), сите од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 31.07.2024 пред угостителски објект во с.Врапчиште, првопријавениот по претходна расправија, физички го нападнал Е.М., настанала физичка пресметка помеѓу прво и второпријавениот од една страна и третопријавениот и неговиот брат од друга страна.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Д.(52) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и против Е.И.(42) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и едно кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

По преземени мерки, било утврдено дека пријавените во повеќе наврати продавале хероин на лица од Штип, додека во еден случај второпријавената била затекната во нејзиниот дом со едно лице на кое му овозможила да користи хероин.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.С.(27) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 24.08.2022, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило управувано од пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.Е.(49) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Пријавениот, неовластено избришал компјутерски податоци од компјутерот на правно лице од Штип, по што и неовластено навлегол во компјутер сопственост на правното лице со намера да дојде до податоци кои не се наменети за него.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.С.(37) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување“. На 09.05.2024 во казино во Тетово, каде што работела, пријавената лажно пријавила дека ѝ било извршено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин, но подоцна во СВР Тетово дала друга изјава.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.Ј.(45) од с.Луковица и Л.Л.(65) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено ловење, чување и отуѓување диви животни и птици“.

Полициски службеници извршиле преглед на патничко возило кое го управувал второпријавениот, при што во багажниот простор била пронајдена дива свиња, која првопријавениот лично ја застрелал, а кој по претходен договор требало да ја купи второпријавениот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(77) од с.Копанце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.

На 09.10.2023, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило управувано од пријавениот, при што било констатирано дека вршел јавен превоз, без да поседува лиценца издадена од надлежен орган. сст/      

Остани поврзан