• петок, 22 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 14 декември 2023 (МИА) - На 13.12.2023 во 12.00 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(38), Р.А.(35), Д.В.(31), Д.Т.(28), сите од Свети Николе и 23 – годишната А.П. од с.Горобинци, светиниколско.

Имено, при контрола на патничко возило во кое се превезувале Д.С. и Р.А., кај Д.С. била пронајдена и одземена прашкаста материја која ја купил од Д.В. Подоцна, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Д.Т., каде ги затекнале Д.В. и А.П., при што била пронајдена и одземена  прашкаста материја. Запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 13.11.2023 околу 20.00 часот во Скопје, во близина на трговски центар на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода А.С. (35) од Скопско, поради основи на сомнение дека околу 19.19 часот во аптека на подрачје на Кисела Вода, со закана одзел пари. При прегледот кај него, биле пронајдени и одземени пари и пиштол, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело. А.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.12.2023 во 14.00 часот на ул.„Корчуланска” во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен при СВР Битола го лишиле од слобода A.A.(44) од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 13.12.2023 во 21.00 часот на улица „Црни Дрим“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го привеле Н.Н.(27) од Струга. Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Основен суд во Струга за издржување затворска казна.

Лицето е спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Струга за издржување на казната.

На  13.12.2023 во 21.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.Ф. (26) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.12.2023 во 00.15 часот на ул.„Карпош” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода И.Д.(18) и малолетник, двајцата од Битола, затоа што кај И.Д. била пронајдена и одземена марихуана, а кај малолетникот бил пронајден и одземен пиштол.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На  13.12.2023 во 16.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.А.(53) Куманово. Тој, на улицата „Маршал Тито“ во Куманово, се обидел да му го одземе мобилниот телефон на И.И.(55) од Куманово. Н.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Во текот на вчерашниот ден (13.12.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 264 возачи.

Од нив, седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 163 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 101 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 251 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 130 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, седум мерки за користење на мобилен телефон, шест санкции за управување под дејство на алкохол...  

На 13.12.2023 во 18.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на  регионалниот  пат Свети Николе - Куманово, товарно возило „ивеко“ со српски национални ознаки, управувано од М.М.(75) од Република Србија, удрило во пешакот С.М.(47) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

На 13.12.2023 во 16.00 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„52“ во Стопански двор, Ѓ.П.(79) од Скопје, кој претходно управувал велосипед, паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (14.12.2023) во 01.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Челопек, тетовско, патничко возило „фолксваген лупо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(25) од с.Челопек, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.

На 13.12.2023 во 21.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Јажинце–Тетово, во с.Доброште, патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Г.Б.(60) од с.Стримница, тетовско, удрило во С.Р.(42) од с.Доброште, тетовско.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.

На 13.12.2023 во 16.40 часот во Полициската станица Центар, З.П.(60) од Скопје пријавил дека на ул.„Мајаковски“ бил каснат од куче скитник.

На 13.12.2023 во 11.30 часот во Полициската станица Аеродром, Д.П.(57) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.

На 13.12.2023 во 20.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Х.А.(29) од Скопје пријавил дека на ул.„Архимедова“ бил каснат од куче скитник. сст/

фото МИА архива

 

 

Остани поврзан