• среда, 10 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 10 јули 2024 (МИА) - Синоќа во 21.45 часот на Граничниот премин Ќафасан, полициски службеници го лишиле од слобода М.П.(62) од Република Србија, затоа што при извршена проверка во службената евиденција било констатирано дека се бара од страна на Интерпол Германија. Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Струга  за понатамошна постапка.

Вчера во 01.45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле М.Ж.(41) од Штип, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 20.40 часот во Скопје полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода С.Г.(40) од Република Србија, со престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Тој бил задржан во полициската станица за понатамошна постапка.

На 09.07.2024 во 12.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип, ги лишиле од слобода М.Ѓ.(24) и И.С.(36), двајцата од Велес, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 126 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, четири мерки за користење на мобилен телефон при управување, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за некористење на сигурносен појас, 15 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикл...

Вчера во 10.40 часот во Полициската станица Аеродром В.К.(50) од Скопје, пријавила дека на кеј на река Вардар во Скопје била касната од куче скитник.

Вчера во 10.50 часот во Полициската станица Гази Баба М.Д.(35) од Скопје, пријавил дека на ул.„Сава Михајлов“ во Скопје бил каснат од куче скитник. дма/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

 

 

 

 

Тагови

Остани поврзан