• среда, 10 јули 2024

Кривична за жител на Велешта за производство и дистрибуција на содржини со детска порнографија

Кривична за жител на Велешта за производство и дистрибуција на содржини со детска порнографија

Струга, 10 јули 2024 (МИА) - Дваесет и осум годишен жител од струшкото село Велешта е осомничен за производство и дистрибуција на порнографски материјал, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, полицијата поднела кривична пријава против И.Ј.(28) од селото Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. 

- Тој, користејќи апликации за комуникација, на повеќе социјални мрежи се зачленувал во групи, во кои ширел содржина со детска порнографија. Потоа, ги споделувал во други групни и лични профили со кои разменувале линкови од групи со таква и слична содржина, изјави портпаролот Стефан Димоски.

Полициски службеници, како што појасни, направиле претрес во неговиот дом во Велешта, при што биле пронајдени експлицитни фотографии, кои биле одземени. сс/цр

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан