• среда, 10 јули 2024

Пожар кај Пепелиште се шири кон планина Серта, од Општина Неготино има барање за асистенција од хеликоптер

Пожар кај  Пепелиште се шири кон планина Серта, од Општина Неготино има барање за асистенција од хеликоптер

Неготино, 10 јули 2024 (МИА) - Пожар на отворен простор кај село Пепелиште се шири кон планината Серта, од Општина Неготино до ЦУК има барање за асистенција од хеликоптер, информираа попладнево од Центарот за управување со кризи. 

- Регионалниот ЦУК Велес информира дека има пожар на отворен простор кај Пепелиште, во почетокот гореле сува трева и нискостеблеста шума. Но, според последните информации од терен, пожарот се проширува кон планината Серта. На терен се присутни екипа од територијалната противпожарна единица Неготино со осум пожарникари и две протипожарни возила и претставници од воениот полигон „Криволак“. Според нивна проценка, постои можност за разгорување на пожарот со тенденција да се прoшири во правец на планината Серта, соопштија од Центарот. 

Градоначалникот на Неготино доставил до ЦУК барање за асистенција од хеликоптер, за воздухопловна противпожарна поддршка на противпожарните сили што дејствуваат по земја. свд/сст/


Фото : ЦУК 
 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан