• понеделник, 23 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 13 февруари 2023 (МИА) - На 12.02.2023, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 17-годишник од Кавадарци. Тој се сомничи дека во периодот од 10.02.2023 до 12.02.2023 на подрачјето на Велес извршил пет тешки кражби и шест тешки кражби во обид, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа малолетнички затвор Тетото поради бегство од затворот. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната. По целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 12.02.2023 во 09.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Л.(34) од село Матејче, Општина Липково. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 141 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т.(34) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Тој, на 15.01.2023 во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, физички го нападнал Ѓ.М.(42) од Охрид.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Р.(29) од Пеќин, Република Албанија, поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“. Тој, на 09.02.2023, додека илегално престојувал во Струга, со подесен алат и физичка сила, насилно влегол во две куќи во Струга од каде противправно одзел накит и други предмети.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.И.(20) од струшкото село Велешта, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес, извршен по судска наредба во неговиот дом, полициски службеници пронашле четири куршуми боева муниција со различен калибар што неовластено ги поседувал.

На 12.02.2023 во 21.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.С.(25) и тројца малолетници, сите од Скопје. Тие се сомничат дека околу 19.00 часот на ул.„Герника“, по претходно недоразбирање, физички ги нападнале Д.П., Ж.С. и Д.С., при што употребиле и метални предмети. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.02.2023 полициски службеници од Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал ги лишиле од слобода Е.Ф. и И.Т.. Имено, постапувајќи по пријава од Ф.Џ.(39), косовски државјанин, според која на 11.02.2023 во 22.30 часот пред и во продавница на подрачјето на Кисела Вода со тврд предмет бил физички нападнат од неколку лица, полициските службеници по преземени мерки и активности  ги  пронашле сторителите на кривичното дело и ги привеле во полициска станица. При извршен службен разговор, тие го појасниле и признале кривичното дело, а по обезбедени дополнителни докази известено е ОЈО Скопје, по чии насоки против пријавените ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.

На 12.02.2023 во периодот од 15.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 85 возачи. Од нив, 57 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 28 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 206 возачи, од кои 171 бидејќи управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 19 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 15 за управување возило без возачка дозвола и 1 за нерегистрирано возило.

Во периодот од 06.02.2023 до 12.02.2023 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 61 учесник во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 13.02.2023 во 01.20 часот во СВР Скопје, М.К.(31) од Скопје пријавил дека пред казино на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.02.2023 во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М.(47) и К.Г.(39), двајцата од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.02.2023 во 16.07 часот во СВР Скопје, И.Ф.(19) од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот во паркот Чаир бил физички нападнат од неколку лица, кои употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.02.2023 во 21.30 часот во СВР Скопје, Х.М.(37) од Скопје пријавила дека околу 15.30 часот на подрачјето на Бит Пазар нејзината малолетна ќерка била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.М.(30) од с.Градец, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 01.12.2022, полициски службеници од ОВР Крива Паланка извршиле претрес во домот на Ј.М., при што пронашле и одзеле марихуана и амфетамин.

На 12.02.2023 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ починал И.Д.К.(42) од Сојузна Република Германија, со патна исправа на САД, а со престој во Скопје. Според пријавеното, тој бил пронајден паднат во станот во кој живеел, по што бил пренесен во болницата, каде што починал. Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 12.02.2023 околу 11.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во болницата „Св.Еразмо“ со тешки телесни повреди било донесено 16-месечно дете од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.С.(40) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“ и  против Д.А.(47) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во „вршење на јавен превоз без лиценца“. На 07.07.2022, полициски службеници извршиле контрола на товарно возило „мерцедес“, кое го управувал Ф.С., а сопственост на Д.А.,  при што било констатирано дека од местото на сеча извршиле превоз на огревно дрво до двајца купувачи без поседување соодветна документација-лиценца за вршење на јавен превоз на стоки во внатрешен патен сообраќај. 

На 12.02.2023 во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ починал В.Н.(54) од Скопје, осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Скопје. Според пријавеното, на В.Н. му се слошило во затворот, по што со нивно возило бил пренесен во медицинска установа, каде нешто подоцна лекар констатирал смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

МВР

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан