• сабота, 13 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 21 јуни 2024 (МИА) - На 20.06.2024 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(37) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.06.2024 во 06.20 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го привеле Џ.Д.(28) од Радовиш, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната.

На 20.06.2024 во 10.00 часот во Полициското одделение Мирковци, Г.Г.(51) од с.Кучевиште, скопско, пријавил дека на 19.06.2024 околу 17.00 часот, при рушење на стара куќа со багер, пронашол една пушка – карабин. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а пушката била безбедно подигната за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 83 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола осум санкции, три мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се пет мерки за некористење сигурносен појас, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), две мерки за управување под дејство на алкохол...  

На 20.06.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“, Б.Т.(42) од Скопје, управувајќи патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот и удрил во рекламен билборд. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Т. констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ - Скопје и неговата сопатничка Л.Т.(72) од Скопје констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 20.06.2024 во 14.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово - с.Волковија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Џ.Х.(67) од с.Вејце, тетовско и патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Р.(25) од Тетово, кои потоа удриле во  две паркирани патнички возила „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки и „рено“ со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Џ.Х. констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово. 

 На 20.06.2024 во 15.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со струмички регистарски ознаки, управуван од С.В.(43) од Струмица и патничко возило „сеат“ со германски национални ознаки, управувано од Ѓ.С.(35) од село Мокриево, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничката на мопедот, а со телесни повреди се здобила С.В., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

На 20.06.2024 во 15.50 часот во ОВР Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово - Струмица, атар на с.Русиново, беровско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со пехчевски регистарски ознаки управувано од В.М.(57) с.Робово, општина Босилово и патничко возило „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки управувано од Ј.М.(63) од с.Ратево, беровско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.М. и неговата сопатничка М.М.(24) од с.Робово, а возачот Ј.М. се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.

На 20.06.2024 во 09.30 часот во Полициската станица Центар, Е.А.(24) од Скопје пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 20..06.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Карпош, В.Г.(48) од с.Волково, скопско, пријавила дека на бул.„Партизански одреди “ во Скопје била касната од куче скитник.

На 20.06.2024 во 18.30 часот во Полициската станица Центар, Н.Н.(20) од Скопје пријавил дека ул.„Михаил Цоков“ во Скопје бил каснат од куче скитник. дма/

Фото:МИА архива

Тагови

Остани поврзан