• сабота, 21 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 14 декември 2024 (МИА) - СВР Струмица - ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Г.Ј.(51) од село Црничани, општина Дојран, поради сомнение дека сторил кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215  и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или експлозивни материи“  по член 396 од Кривичниот законик.

МВР денеска соопшти дека на 13.12.2024, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија во координација со полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Дојран, врз основа на судска наредба, извршиле претреси на две локации, во домот на пријавениот во село Црничани и на место викано „Гатар“, атар на село Црничани. При претресите биле пронајдени и одземени 24 тегли со марихуана, четири хартиени омоти со марихуана, две стебла од растението канабис, предмети со остатоци од марихуана, две ловечки и една малокалибарска пушка. Лицето било лишено од слобода и задржано во Полициската станица Гевгелија, по што бил изведен пред судија од Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена. 

На 13.12.2024 во периодот од 22.10 часот на 13.12. до 00.45 часот на 14.12.2024, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Ш.Ш.(49) и З.И.(22), двајцата од с.Чегране, гостиварско. При претрес во угостителски објект во с.Чегране, извршен со судска наредба, сопственост на Ш.Ш., кај сопственикот и кај вработениот З.И. биле пронајдени и одземени 53 пакувања со кокаин, марихуана и пари. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

На 13.12.2024 во 13.30 часот на улица ,,Штипска" во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле К.К.(43) од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, псикотропни сопстаци и прекурзори“. Тој бил спроведен во Казнено  - поправната установа Затвор Идриово за издржување на казната. 

На 14.12.2024 во 00.05 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп  лишиле од слобода  малолетник од  Прилеп. Тој бил фатен при извршување на тешка кражба во куќа во Прилеп. Одземеното било вратено на сопственикот, а по целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава. 

На 14.12.2024 во 00.35 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишено од слобода М.М.(19) од Скопје затоа што кај него бил пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.12.2024 во 02.05 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Т.(27 од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 13.12.2024 во 21.10 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода И.А.(44) од с.Чегране, гостиварско и С.Ш.(36) од Гостивар. Тие биле затекнати при купопродажба на кокаин. Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава. 

На 13.12.2024 во 20.40 часот во Казнено - поправната установа Затвор Битола, при прием на осуденикот Ф.А.(39) од Прилеп бил извршен преглед над него, при што биле пронајдени марихуана и паковка со  грутчеста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава. 

На 13.12.2024 во 17.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(24) од Тетово затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 13.12.2024 во 15.10 часот на улица „Илинденска" во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетничка од с.Мала Речица, тетовско, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.  Таа била задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе следува соодветен поднесок. 

На 13.12.2024 во 12.45 часот во СВР Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.С.(42) од с.Драчевица, општина Студеничани, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 13.12.2024 во 15.35 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ф.(35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 13.12.2024 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле малолетник од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје. 

На 13.12.2024 во 18.30  часот во Полициската станица Аеродром, Е.Н.(37) од Скопје пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје била касната од куче скитник. 

На 13.12.2024 околу 20.10 часот во Полициската станица Бит Пазар, Ф.В.(61) од Скопје пријавила дека на ул.„Струмичка“ била касната од куче скитник. 

На 13.12.2024 во 09.20 часот во Полициската станица Центар, А.Р. (19) од Скопје пријавила дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била касната од куче скитник. цр/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

Остани поврзан