• четврток, 25 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 3 март 2024 (МИА) - Врз основа на судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Прилеп – СВР Битола во координација со полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност вчера извршиле претрес во просторија во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп, соопштија денеска од МВР.

Исто така,  со судска наредба полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Прилеп – СВР Битола извршиле претрес и во викенд куќа во близина на Казнено – поправната установа Затвор Прилеп. При претрес во просторијата во затворот, каде што казна затвор издржуваат Д.Д.(41) од с.Ливада, струшко и Н.Н.(34) од Прилеп, во шкафот на Н.Н. биле пронајдени една ќеса и повеќе помали пакувања со марихуана, две дигитални ваги, пари во различни апоени и валути и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Додека, при претрес во викенд куќата, сопственост на Б.К.(77) од Прилеп, која ја користел И.К.(47) од Прилеп, а кој исто така, издржувал казна затвор во Затворот Прилеп, биле пронајдени и одземени две ќеси со марихуана и дигитална вага. Во врска со настанот бил приведен сопственикот на викенд куќата. Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (03.03.2024) во 03.30 часот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Љ.(31)  и А.С.(35), двајцата од село Арачиново. А.Љ. бил осуден на казна затвор од осум години и шест месеци за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“ по член 418 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот, каде што имал за доиздржување на четири години и три месеци од казната. Додека, А.С. бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од 10 месеци за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик.  Лицата биле предадени во Полициската станица Гази Баба, по што ќе бидат спроведено во надлежнита казнено – поправни установи за издржување на казните. 

На 02.03.2024 околу 19.30 часот во гостиварско Врапчиште, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово - Полициско одделение Галате го привеле 23-годишниот Ф.А. од Врапчиште. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување едногодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори", казниво по член 215 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Денеска (03.03.2024) во 00.30 часот во Струмица, полициски службенници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода В.Т.(28) од Струмица. Тој претходно бил забележан како на локација во Струмица остава пакување со кокаин, кое било пронајдено од полициски службеници. Во службениот разговор во Полициската станица Струмица тој го признал делото. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против В.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (03.03.2024) во 01.30 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Н.Р.(21) и А.К.(21), двајцата од Струмица,  затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.03.2024 во 14.10 часот на подрачје на Центар во Скопје,  полициски службеници од Единицата за интервентна единица при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Л.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.03.2024 во 20.40 часот на подрачје на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна единица при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.В.(40) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени  марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (03.03.2024) во 01.30 часот на Граничен премин Јажинце, полициски службеници  го лишиле од слобода О.Л.(38) од Тетово затоа што при гранична проверка било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на СВР Скопје. Лицето било предадено на полициски службеници во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за управување под дејство на алкохол...

Во текот на изминатата вечер (02/03.03.2024) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 19 возачи, од кои 9 во Битола, 4 во Прилеп и по два во Ресен , Македонски Брод и Крушево. При контролата биле откриени 12 останати прекршоци.

На 02.03.2024 во 18.15 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Велес-Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.А.(29) од с.Супурге, радовишко и патничко возило „сузуки“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од В.П.(66) од с.Каратманово, општина Лозово. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал возачот В.П., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Сопатничката во возилото „сузуки“, Б.П.(60) се здобила со тешки телесни повреди констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Возачот А.А. се здобил со телесни повреди,. По извршениот увид, по наредба на јавен обвинител,  полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода возачот А.А. за понатамошна постапка.   

На 02.03.2024 во 20.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница на Град Скопје,  патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.М.(34) од Скопје, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Н.М.(29), а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците Х.Р.(27) и Д.С.Р.(19), сите од Скопје,  констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 02.03.2024 во 18.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопат Тетово – Гостивар  се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.М. (34) од с.Желино, тетовско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.М. (56) од с.Батинци, скопско и патничко возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од П.Ф.(37) од Гостивар. Во несреќата тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „поло“, Ш.Л. и Р.Х., а возачот и другиот сопатник К.З., сопатникот во возилото со скопски регистарски ознаки И.Ќ и возачот на возилото „ауди“ со гостиварски ознаки  и неговите сопатници А.Ф. , Б.Ф., Л.Ф., М.В., и Л.В.  се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клинички центар Тетово. По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

На 02.03.2024 во 21.40 часот во Полициската станица Чаир, Х.И. (20) од Скопје пријавила дека на ул.„ Бутелска“  во Скопје била касната од куче скитник.

На 02.03.2024 во 23.15 часот во Полициската станица Гевгелија,  Е.И.(36) од Гевгелија пријавил дека на  ул„Илија Миов“ во Гевгелија бил каснат од куче со сопственик. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан