• среда, 15 мај 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 5 ноември 2023 (МИА) - Денеска (05.11.2023) во 01.15 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.И.(23), Т.А.(20) и М.Џ.(21), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 05.11.2023 во 00.55 часот во ОВР Струга лишен од слобода е Д.М.(37) од Струга, затоа што од страна на полициски службеници кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.11.2023 во 01.15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 04.11.2023 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - ОЕК и СВР Тетово во содејство со УЈП и Државен инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во спортски обложувалници во Тетово и во тетовско. Притоа биле лишени од слобода Т.К.(30) и М.М.(23), двајцата од тетовско, вработени во две од контролираните обложувалници, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело приредување игри на среќа без лиценца. Во нивните мобилни телефони биле пронајдени онлајн платформи за игри на среќа без лиценца. Притоа, од две обложувалници биле одземени по 5 компјутери, а од една 6 компјутери кои немале лиценца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело "повреда на авторски права и сродни права". Неправилности се констатирани и од страна на УЈП. По целосно документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.      

На 04.11.2023 во 18.30 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода П.П. (39) од Струмица. При претрес во неговиот дом извршен со судска наредба биле пронајдени повеќе пакувања со хероин. Тој бил задржан во Полициска станица Струмица, а за настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против П.П. ќе биде поднесена соодветна пријава и во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Денеска (05.11.2023) во 03.20 часот на место викано „Смоларска раскрсница“, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода М.Д. (34), И.С.(32) и М.П.(31), сите од Штип. При преглед на патничко возило „бмв“ со штипски регистерски ознаки, управувано од М.Д., во кое сопатници биле другите две лица, била пронајдена марихуана. Тие биле задржани во Полициската станица Струмица и известен бил Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 264 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 69 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло. Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, 31 санкција за некористење сигурносен појас, девет мерки за управување под дејство на алкохол...

На 04.11.2023 во 17.15 часот било пријавено дека во Скопје на ул. „Ѓорче Петров“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Д.(24) од Скопје и патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од С.П. од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „цитроен“, В.Д.(50) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со континуираните контроли на возачите - учесници во сообраќајот, дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата спроведена вчеравечер и ноќеска (04/05.11.2023) од 22.00 до 04.00 часот биле откриени и санкционирани вкупно 18 прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-6). Кај најголемиот број од возачите-прекршители биле измерени до еден и еден пол промили алкохол во организмот, a кај двајца (ТЕ) над два промили. Сите се веднаш исклучени од сообраќај, времено им се одземени нивните возачки дозволи и изготвени им се поднесоци со парични глоби од 225 до 375 евра во денарска противвредност.

На 04.11.2023 во 22.15 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од бул.„Киро Глигоров“ со сервисна улица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(53) од Скопје и патничко возило „шевролет спарк“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.А.(27) од Кратово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „шевролет спарк“, И.М.(51) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

На 04/05.11.2023 од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 14 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-11, Струга-03). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

На 04.11.2023 во 06.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Тајмиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ш.(61) од с.Слатина, скопско и патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(37) од с.Калишта, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „голф“, Б.И.(67) од с.Калишта, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево. ев/

Остани поврзан