МВР Билтен
- На 23.04.2024 во 09.40 часот во реонот на село Брод, битолско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Меџитлија“ пронашле две неексплодирани гранати. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно се подигнати гранатите, при што е констатирано дека станува збор за две артилериски гранати од 75 мм. кои потекнуваат од Првата светска војна.

Скопје, 24 април 2025 (МИА) - СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.И.(22) од Тетово и К.К.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „несовесно работење во службата“.
МВР денеска соопшти дека на 15.03.2024, првопријавениот Д.И. - вработен во правен субјект од Скопје и второпријавениот К.К. - управител на правниот субјект, злоупотребувајќи ги личните податоци на лице од Тетово, кој ја изгубил личната карта, извршиле исплата на остварена добивка од 4.800 денари во правното лице, по што во август лицето примило решение од Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово за престанок на правото на социјалната сигурност за стари лица.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.К.(27) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Во периодот од март 2023 до 09.04.2025, пријавениот следел неговата сосетка, ја вознемирувал и ѝ праќал пораки на социјални мрежи со закани дека ќе објави нејзини фотографии и видеа доколку не му даде пари.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.Д.(43) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста“. На 04.02.2025 во Штип, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.Е.(38) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.04.2025 во Радовиш, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и 498 кутии цигари.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.А.(57) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на август 2024 година на катастарска парцела Могорче, пријавениот изградил објект од тврда градба, без одобрение за градба, издадено од надлежен орган.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.В.(34) и М.В.(60), двајцата од Скопје и против правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење шума“ и „кражба на дрва“. Првопријавениот, во својство на одговорно лице во третопријавеното правно лице и второпријавениот, сопственик на третопријавеното правно лице, од катастарска парцела во с.Јаболци, општина Сопиште, за која им била доделена концесија, извршиле пустошење на шума и кражба на дрвна маса заради користење на минерални суровини, а за кое дејствие не поседувале одобрение од Јавното претпријатие „Национални шуми“ за да биде извршено жигосување, одобрение за сеча и транспорт на дрвната маса, со кои дејствија причиниле штета на дрвна маса од 21 кубен метар, односно во износ од 417.722 денари.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Н.(63) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 07.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во с.Радуша, скопско, при што биле пронајдени и одземени пиштол калибар 9 мм, рамка за пиштолот, куршуми со калибар 9мм. како и дозвола за поседување на оружје на туѓо име.
На 23/24.04.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.И.(28), Г.П.(43), двајцата од Скопје и малолетник од Кочани затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и таблета. По целосно расчистување на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 23.04.2025 во 12.00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на кружен тек од улица „Иво Рибар Лола“ со улица „,Страшо Пинџур“ во Тетово, патничко возило „рено еспејс“ со тетовски регистарски таблички, управувано од В.Т.(60) од Тетово, удрило во пешакот Е.С.(75) од Тетово. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.
На 23.04.2025 во 20.20 часот во ОВР Гевгелија од Општата болница Гевгелија било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен П.Д.(53) од Гевгелија. Според пријавеното, претходно на ул.„Деко Ковачев“ во Гевгелија, мотоцикл „ктм“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Т.А.(41) од Гевгелија, удрил во велосипед кој го управувал П.Д.. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.
На 23.04.2025 во 18 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода T.A.(55) од Република Турција затоа што при гранична контрола е констатирано дека на увид приложил фалсификуван зелен картон за товарното возило „форд“ со турски национални ознаки кое го управувал. Тој бил предаден во ОВР Крива Паланка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (24.04.2025) во 00.10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.Б.(26) од Сојузна Република Германија затоа што при гранична контрола е констатирано дека на увид приложил фалсификувани италијански лична карта и возачка дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници во Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.04.2024 во 09.40 часот во реонот на село Брод, битолско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Меџитлија“ пронашле две неексплодирани гранати. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно се подигнати гранатите, при што е констатирано дека станува збор за две артилериски гранати од 75 мм. кои потекнуваат од Првата светска војна.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Б.(43) од селото Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. По завршување на натпревар од Третата фудбалска лига, одигран во Волино, пријавениот физички го нападнал Р.Н.(25) од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил префрлен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување помош.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против И.А.(52) од струшкото село Лабуништа и против А.Џ.(35) од селото Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама“. Во текот на 2024 година, со намера да пререгистрираат и присвојат ловечко друштво од Вевчани, пријавените започнале да собираат потписи и изготвиле лажни изјави од лица од околните села, набавиле фалсификувана исправа и печат на непостоечко здружение и фалсификувале потписи на негови членови. Истите документи, без да бидат заведени на нотар, ги приложиле во Централен регистар во Тетово, каде без да се изврши преглед на доставената документација и спротивно на закон, било издадено решение за промена на статутот, по што го пререгистрирале ловечкото друштво. После тоа, пријавените започнале да управуваат и да издаваат дозволи за лов без печат и потпис.
На 23.04.2025 во СВР Скопје било пријавено дека во 09.40 и 09.50 часот во две спортски обложувалници на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, едно лице со закана кон вработените одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
На 23.04.2025 во 11 часот во Полициската станица Гази Баба е пријавено дека во својот дом се вратил Б.М.(28) од Скопје, за кого на 22.04.2025 неговиот татко Т.М.(56) пријави дека се оддалечил од домот.
На 22.04.2025 во 08.10 часот на место викано Незирови бачила во атарот на село Брест, скопско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи Север пронајдоа околу 80 кубни метри огревно дрво без жиг, како и друга дрвна маса, за која дополнително ќе се утврдува количината. Дрвата биле исечени и подготвени за товарање. Шумска полиција изврши увид и констатираше дека се работи за дрва кои се исечени од државно земјиште без претходно одобрение. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (24.04.2025) во 02.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Центар е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу О.С.(22) од с.Долно Количани, скопско, од една страна и Е.А. и О.А. од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.04.2025 во 22.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Д.(22) од Скопје и Б.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.04.2025 во 23.00 часот во СВР Скопје, 51-годишна жена од скопско пријавила дека околу 18.00 часот во домот била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.П.(49). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.04.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена од Битола, со престој во Скопје, пријавила дека околу 02.00 часот пред нејзиниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Р.К.(34) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.04.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, М.М.(43) од Скопје пријавила дека на 22.04.2025 околу 18.00 часот во домот на нејзина другарка на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од таткото на нејзината другарка Г.Ч.(54) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.04.2025 во 19.30 часот во СВР Скопје, 65-годишен маж од скопско пријавил дека во периодот од мај 2024 до септември 2024 година бил измамен од лицето Ф.„Н“ за сума од 23.000 евра. Според пријавеното, тој му ги дал парите во неколку наврати за да помогне во вработување на негов внук, но до пријавувањето на настанот не го исполнил договореното. Се преземат мерки за расчистување на случајот.
Во СВР Скопје било пријавено дека на 21.04.2025 околу 13.30 часот во двор од семејна куќа на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Н.(31) и У.Н.(40), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.04.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје, Л.В.С.(43) од Скопје пријавила дека на подрачјето на општина Аеродром едно лице физички ја нападнало, при што употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. цр/
Фото: МИА архива