МВР Билтен
- Синоќа околу 20 часот на автопатот Демир Капија - Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор - Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи - Југ го лишиле од слобода Е.Ф., 19-годишник од Радовиш, затоа што во возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, превезувал шест лица - мигранти, од кои, три од Непал и три од Индија.

Скопје, 20 јануари 2025 (МИА) - Синоќа околу 20 часот на автопатот Демир Капија - Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор - Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи - Југ го лишиле од слобода Е.Ф., 19-годишник од Радовиш, затоа што во возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, превезувал шест лица - мигранти, од кои, три од Непал и три од Индија.
Претходно, на наплатна станица „Демир Капија“, тој не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници и продолжил со движење кон Гевгелија, при што влегол во тунел, каде се изведувале градежни работи и со возилото удрил во работна машина. Mигрантите се сместени во Транзитен центар „Табановце“ за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 14:30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје, ги лишиле од слобода Г.И.К., на возраст од 21 година и С.М.А., 25-годишно лице, двајцата од Република Турција, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и два ножа.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 14:15 часот на кејот на реката Вардар, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода А.С., 22-годишник од Република Турција, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Синоќа во 20:45 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода К.К., 25-годишен скопјанец, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Синоќа во 21:35 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода Џ.М., 29-годишен скопјанец, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Синоќа во 20:45 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода К.Т., 25-годишен скопјанец, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 17:40 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода А.Ц., 22-годишник од Ново Село, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Денеска во 00:30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје ја лишиле од слобода Е.Л., 19-годишна скопјанка, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 17:45 часот на улицата „Партизанска“, полициски службеници од СВР - Битола го лишиле од слобода А.М., 30-годишен битолчанец, затоа што кај него била пронајдена грутчеста материја.
По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.
Синоќа во 22:15 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје привеле скопски малолетник, затоа што кај него бил пронајден и одземен боксирач.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 12:30 часот во Полициската станица - Неготино било пријавено дека во село Криволак, неготинско, мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од селото, излетал од патот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил неговиот малолетен сопатник од истото село, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница во Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР - Неготино.
Вчера околу 10 часот во ОВР - Струга било пријавено дека на регионалниот пат Ќафасан - село Подмоље, патничко возило „пежо“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.Д., на возраст од 48 години од село Радолишта, струшко, излетало од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ф.Д., на 18-годишна возраст од село Радолишта, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР - Охрид.
Синоќа во 21:10 часот во Полициската станица - Чаир, Е.С., 50-годишник од Скопје, пријавил дека на улицата „Призренска“ во градот бил каснат од куче скитник.
Вчера во 10 часот во СВР - Битола, Р.Т., 52-годишен битолчанец, пријавил дека во поранешната касарна, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
Синоќа во 19:30 часот во ОВР - Прилеп, Д.П., 68-годишник од овој град, пријавил дека на улицата „Пере Тошев” бил каснат од куче скитник. бд/
Фото: МИА архива