МВР Билтен
- Денеска (15.02.2025) во 02.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Д.(24) од Тетово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
![МВР Билтен](https://mia.mk/images/20250215115602_big_730x400_59.webp )
Скопје, 15 февруари 2025 (МИА) - Денеска (15.02.2025) во 02.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Д.(24) од Тетово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (15.02.2025) во 00.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.В.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (15.02.2025) во 01.50 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.З.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.02.2025 во 21.50 часот во с.Инџиково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(31) од с.Инџиково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.02.2024 во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода К.А.(20) и М.М.(28), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.02.2025 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.02.2025 во 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје, го лишиле од слобода Б.К.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.02.2025 во 22.25 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје, го лишиле од слобода М.М.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.02.2025 во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.С.(31) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.02.2025 околу 13.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце-исклучок за с.Долно Коњаре, мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Н.М.(27) од Куманово, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 14.02.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, Д.С.(50) од Скопје пријавил дека во с.Усје, скопско, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 14.02.2025 во 16.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Д.И.(36) од Скопје пријавил дека на ул.„Народни херои“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 14.02.2025 околу 19.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Б.П.(71) од Скопје пријавил дека во близина на реката Лепенец во Скопје, бил каснат од куче.
На 14.02.2025 во 21.15 часот на регионалниот пат, на влез во Демир Капија, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при РЦ за ГР Југ извршена била контрола на патничко возило управувано од Д.И.(39), а како совозач бил С.П.(37), двајцата од Демир Капија, а непосредно пред контролата од прозорецот на возилото во движење С.П. исфрлил кеса со бела прашкаста материја. Тие биле лишени од слобода и предадени на полициски службеници од Полициската станица Неготино за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.02.2025 во 14.10 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Е.Б.(55) од Косово, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Тој e предаден на полициски службеници од Интерпол за понатамошна постапка.
На 14.02.2025 во 17.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Р512 од с.Крушеани кон с.Обршани, прилепско, патничко моторно возило „фиат" со крушевски регистарски ознаки, управувано од Ж.Н.(51) од с.Кривогаштани, излетало од коловозот. Ж.Н. е пренесен во Општа болница Прилеп, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.
На 14.02.2025 во 21.10 часот, полициски службеници од СВР Битола во паркот во близина на ОУ „Стив Наумов" во Битола лишиле од слобода двајца малолетници бидејќи кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава. нд/
Фото: МИА архива