• недела, 21 јули 2024
МВР Билтен

Скопје, 24 ма 2024 (МИА) – Во Градскиот парк во Скопје, денеска во 00:10 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена дробилка и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 01.00 часот на подрачјето на Центар,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, денеска во 2:50 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Л.(31) од с.Волково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 00.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, во близина на угостителски објект полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.З.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 23.50 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Х.Ф.(29) од Република Албанија затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 04.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 23.25 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ж.Ј.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На подрачјето на општина Аеродром, вчера во 22:30 часот во близина на угостителски објект полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.М.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 20.15 часот во Парк шума Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ж.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во СВР Штип вчера во 13.29 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Зрновци–с.Мородвис, кочанско,  на коловозот се превртел трактор управуван од Е.А.(76) од Охрид, а со престој во с.Мородвис. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани.

Вчера во 16.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје-Неготино, во атар на с.Башино село, патничко возило „мерцедес“ со национални регистарски ознаки на Р.Грција, управувано од Л.К.(43) од Гевгелија излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.И.(73) од Гевгелија, а со телесни повреди се здобиле Л.К. и уште еден сопатник Д.И.(79) од Гевгелија, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Во СВР Битола вчера во 13.15 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„1-ви Мај“ и ул.„Широк сокак“, кај Саат кула во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(45) од с.Долно Оризари, битолско и товарно возило „ивеко“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(50) од с.Лопатица, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „ивеко“ А.М.(48) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Вчера во 21.50 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ кај крстосница со ул.„Борис Кидрич“ во Кичево, малолетник од Кичево кој управувал мотор „хамачи“ паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.  

Во Полициската станица Центар вчера во 09.45 часот  И.З.(39) од Скопје пријавил дека на ул.„Прилепска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Вчера во 09.30 часот во Полициската станица Аеродром, В.С.(40) од Скопје пријавила дека на ул.„23-ти Октомври“ во Скопје била касната од куче скитник.

Во Полициската станица Ѓорче Петров, вчера во 10.45 часот К.Ц.(45) од Скопје пријавила дека на ул.„Браќа Чакреви“ во Скопје била касната од куче скитник. аа/

Фото: МИА архива

Тагови

Остани поврзан