• петок, 26 април 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 20 март 2023 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.Џ. од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 28.04.2020 до 21.09.2022, пријавената - вработена во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување - Виница ги злоупотребила своите работни задачи и обврски и во четири наврати аплицирала за брзи кредити во две финансиски друштва на име на друго лице од Виница, користејќи ги нејзините лични податоци.Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода 52-годишната Н.Л.С. од Скопје и М.Н.(41) од Штип. На автопатот Скопје – Штип, кај клучка Југ-Свети Николе, при преглед на патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.С, во кое сопатник бил М.Н., биле пронајдени и одземени повеќе парчиња стари монети и други предмети за кои постои сомнение дека се предмети од културно наследство, како и два детектора за злато и неколку копачи. Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор изјавиле дека ископот го вршеле на локација кај с.Стањевце, светиниколско. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.На крстосницата кај село Водоврати, општина Градско, полициски службеници од СВР Велес денеска го лишиле од слобода Р.М.(21) од Скопје, затоа што со возило „aуди“ со бугарски национални ознаки превезувал 10 лица мигранти (шест од Сирија и четири од Конго). Имено, околу 8:00 на автопатот Неготино – Велес Р.М. не застанал на даден знак за сопирање од полициски службеници, но набргу, кај клучка Градско, возилото било забележано како се упатува по регионалниот пат, по што на крстосницата кај село Водоврати било запрено, а лицето  приведено. Р.М. бил задржано во полициска станица, а мигрантите бил спроведени во прифатно-транзитен центар. За случајот бил известен Јавен обвинител и по неговото документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.   Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар денеска околу 13:10 часот на автобуска постојка на бул.„11 Октомври“ го лишиле од слобода М.П.(43) од Скопје. Тој бил фатен при извршување кражба, при што од чанта на С.П.(65) од Скопје, при влегување во автобус, одзел паричник. Одземеното било вратено на оштетената, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 15:15 часот на улица „Партизанска“ во Охрид го привеле Љ.О.(50) од селото Белчишта, општина Дебарца. При преглед на патничко возило „алфа ромео“, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. Истиот ден, околу 22:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го привеле и А.Д.(24) од Охрид. При преглед на патничко возило „ауди“, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на СВР Куманово санкционирани се вкупно 237 возачи, од кои 188 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 25 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 20 за управување возило без возачка дозвола и 4 за нерегистрирано возило.Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово вчера во 20:10 часот на автопатот А1, кај клучка Миравци–Демир Капија, дале знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“ со гевгелиски регистарски ознаки, но возилото продолжило да се движи кон Неготино. Околу 20:30 часот, во близина на клучка за село Водоврати, возилото излетало од коловозот, по што возачот го напуштил местото. Полициски службеници извршиле преглед при што пронашле седум лица мигранти од Сирија, кои биле задржани за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    М.З.(56) од Скопје вчера во 10:45 часот во СВР Скопје пријавил дека на 15.03.2023 околу 0:30 часот, во близина на Кале, бил физички нападнат од двајца малолетници, кои употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.М.А.(18) од Скопје вчера во 14:00 часот во СВР Скопје пријавила дека на 18.03.2023 околу 21:45 часот на подрачјето на Пинтија била физички нападната од Н.К.(26) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.М.Н.(28) од Македонски Брод вчера во 15:30 часот во ОВР Кичево пријавил дека на булевар „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против П.Ѓ.(23) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 15.03.2023 во Виница, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, гранки од растението канабис и метамфетамин.Од Јавна установа за згрижување деца вчера во 8:00 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.Ѓ.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.Во СВР Скопје вчера во 20:10 часот било пријавено дека во продажен објект на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Скопје, две лица со закана кон вработените, пребарувале по касите, но, според вработените, не одзеле ништо. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  Во СВР Скопје вчера во 22:00 часот било пријавено дека на улицата „Ацо Шопов“ настанал пожар во патничко возило „ренџер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.М. од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од вработените на бензинската пумпа. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.О.(48) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На 08.08.2021 на улицата „Киро Ристевски Дрнц”, пријавениот извршил доградба на кат на веќе постоечка куќа без да поседува документација од надлежен орган на Општина Тетово. вј/

Фото: МИА архива

Тагови

Остани поврзан