МВР Билтен (ДПЛ)
- СООПШТЕНИЕ - На 10.03.2025 во 07.40 часот во СВР Скопје, Д.С.(71) од с.Стајковци, општина Гази Баба, пријавил дека околу 06.30 часот во импровизирнаа гаража во дворот од неговата семејна куќа биле опожарени паркирани патнички возила „шевролет спарк“ и „тојота“ и мотоцикли „хонда“, „сузуки“ и „баотиан“, сите со скопски регистарски ознаки, во негова и сопственост на неговиот син З.С.(50) од с.Стајковци.

Скопје, 11 март 2025 (МИА) - СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ и „тешки дела против општата сигурност“ во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“, против Б.Б.(39), А.Д.(34), Б.А.(30), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, против Н.Д.(22) и А.Д.(23), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со кривично дело „убиство“, против Н.Г.(39) и К.Т.(28), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител по извршено кривично дело“. На 10.02.2025 во Скопје на паркинг простор на подрачје на Чаир, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу Х.Б.(35), второ, трето и седмопријавениот, од една страна и прво, четврто, петто и шестопријавениот и Н.М.(31), од друга страна, која преминала во вооружена престрелка, во која првопријавениот со пиштол испукал неколку проектили и ги погодил Н.Д. и Х.Б.. Од здобиените повреди, Х.Б. починал на место. По ова, четвртопријавениот и третопријавениот со пиштол започнале неконтролирано да пукаат, при што третопријавениот се здобил со повреди, а од проектилите биле оштетени и неколку паркирани возила. Потоа, второпријавениот со друго лице го однеле починатиот во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а останатите пријавени се обиделе да ги скријат трагите, оружјата и возилата. Набргу , по пријавување на настанот, по преземени мерки од слобода биле лишени учесниците во настанот, додека по негово целосно документирање е поднесена пријавата.
На 10.03.2025 во 19.30 часот во Градско, полициски службеници од Полициската канцеларија Градско го лишиле од слобода С.С.(43) од Прилеп, кој бил баран по централна потерница поради бегство од Казнено - поправната установа Затвор Прилеп, каде издржувал затворска казна. С.С. бил спроведен во установата за доиздржување на казната.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект и А.А.(37) од Тетово поради постоење основи за сторено кривично дело „недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари“. На 26.01.2024, второпријавениот - вработен во спортска обложувалница, додека бил на работното место, на две лица им сменил 300 долари за што им дал 16.500 денари, а подоцна било утврдено дека странските валути биле фалсификувани.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против М.Д.(22) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност" по член 288 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на 09.01.2025 на улица „Тодор Јанев“ во Велес, со бензин предизивкал пожар на паркирано патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Е.Џ.(28) од село во општина Чашка. По преземени мерки, со пријавениот бил извршен службен разговор, при штотој го признал делото.
На 10.03.2025 во 16.00 часот во ОВР Прилеп, жена од Прилеп пријавила дека во периодот од 27.02.2025 до пријавувањето, од нејзината сметка во банка во неколку наврати биле повлечени вкупбо 616.000 денари, додека од сметката на нејзиниот сопруг во неколку наврати биле повлечени 280.000 денари. Според пријавеното, претходно, тие повеќе пати биле контактирани од лица кои се претставувале како вработени во компанија која се занимава со тргување на берза со злато и пари и од нив барале да симнат нивна апликација и да се регистрираат на неа, а исто така, им биле побарани и матични броеви, кои ги споделиле со нив. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.03.2025 во 22.10 часот во СВР Велес, К.В.(47) од село Кочилари, општина Градско, пријавил дека околу 20.25 часот пред неговиот дом во селото, додека се движел со неговото возило „форд мондео“ со велешки регистарски ознаки, патот му бил попречен од паркирано возило „ауди“, по што со неговото возило се вратил назад, а забележал дека и возилото „ауди“ почнало да се движи по него и да го следи. Според пријавеното, продолжил со движење на локалниот пат кон Велес и на излез од селото во неколку наврати слушнал звук за кој се посомневал дека е од огнено оружје. Додека бегал од возилото „ауди“, на улица „8 Септември“ во Велес со неговото возило удрил во патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, при што била причинета само материјална штета. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.03.2025 во 07.40 часот во СВР Скопје, Д.С.(71) од с.Стајковци, општина Гази Баба, пријавил дека околу 06.30 часот во импровизирнаа гаража во дворот од неговата семејна куќа биле опожарени паркирани патнички возила „шевролет спарк“ и „тојота“ и мотоцикли „хонда“, „сузуки“ и „баотиан“, сите со скопски регистарски ознаки, во негова и сопственост на неговиот син З.С.(50) од с.Стајковци. Од пожарот била зафатена и фасадата на неговата куќа, како и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на соседот С.Н.(20) од с.Стајковци. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 10.03.2025 во 09.15 часот во ОВР Кичево било пријавено дека во Медицински центар Кичево со тешки телесни повреди бил донесен В.Љ.(32) од кичевското село Жубрино. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи на куќа на улица „Стојан Санденски“ во Кичево. Увид извршиле екипа од ОВР Кичево и трудов инспектор и се работи на расчистување на случајот.
Денеска (11.03.2025) во 08.30 часот во СВР Скопје, С.М.(43) од Скопје пријавил дека на 10.03.2025 околу 17.30 часот на спортско игралиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници, кои ги познавал и на кои им возвратил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.03.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг Д.В.(51) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 10.03.2025 во 13.20 часот во СВР Скопје, А.С.(25) од Скопје пријавил дека околу 11.30 часот во автосервис на подрачјето на Мирковци, по претходна расправија околу поправка на возило, бил физички нападнат од А.А. и уште едно машко лице, при што биле употребени остар и метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.03.2025 во 18.10 часот во СВР Скопје, 52-годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом, нејзиниот сопруг И.М. ѝ упатувал закани и се обидел да ја удри со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.03.2025 во 10.10 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека во установата се вратил нивниот штитеник Х.С.(16), за кој на 07.03.2025 беше пријавено дека се оддалечил од установата.
На 10.03.2025 во 21.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле А.М.(14) од Скопје, за која на 13.02.2025 во Полициското одделение Шуто Оризари беше пријавена дека се оддалечила од семејниот дом. Таа била предадена на нејзиниот старател.
На 10.03.2025 во 15.00 часот во Полициската станица Центар, И.К.(41) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Полежановски“ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 10.03.2025 во 18.30 часот во Полициската станица Центар, А.М.(29) од Скопје пријавила дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје била касната од куче скитник.
СВР Штип поднесе кривична пријава против К.З.(64) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на докажување“. На 06.02.2025, пријавениот со намера да го спречи или отежне докажувањето на границите на парцела, сопственост на лице од Кочани ги отстранил металните колчиња, поставени од геодетска фирма од Кочани.
СВР Штип поднесе кривична пријава против П.С.(42) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле куршуми со калибар 9мм.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.Т.(62) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 19.02.2025, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „голф“, сопственост на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Baikal“ ТОZ 34 EP калибар 12 мм со патрони, за која не поседувал соодветна документација.
Министерство за внатрешни работи
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.