• среда, 15 јануари 2025

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 3 септември 2024 (МИА) - Денеска (03.09.2024) во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Б.(33) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 247 од кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот.

Од МВР денеска соопштија дека лицето ќе биде спровeдено во установата за доиздржување на затворската казна. 

Денеска (03.09.2024) околу 13.25 часот во Скопје,  полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода И.Ц.(59) од Скопје. Таа била барана по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од една година за сторени кривични дела  по член 292 и член 288 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спровeдено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната. 

Денеска (03.09.2024) околу 13.25 часот во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(27) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а бил  баран по централна потерница врз основа на судска наредба поради бегство од казнено – поправна установа. Лицето ќе биде спровeдено во надлежната казнено – поправна установа за доиздржување на казната. 

Денеска (03.09.2024) во 11.25 часот во с.Крушопек, скопско, полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Х.(60) од с.Крушопек, поради тоа што го запалил стрништето од својата нива и предизвикал пожар, кој опфатил поголема површина. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.09.2024 околу 23.40 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека околу 20.30 часот кај нив со прострелна рана од огнено оружје бил донесен Б.Р.(19) од с.Арачиново, скопско. Според пријавеното, околу 20.00 часот во с.Арачиново, по претходна расправија, едно лице од огнено оружје пукало кон Б.Р.. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

На 02.09.2024 околу 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, Б.И. од Скопје и уште едно лице физички го нападнале Е.Л.(28) од Скопје. Според пријавеното, после тоа Е.Л. со поголема група на луѓе отишле пред домот на Б.И. и фрлале тврди предмети кон него и неговото семејство. Притоа, со повреди се здобиле В.И., Д.Н. и Е.Л., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.09.2024 во 01.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека на ул.„Туристичка“ во Струга било опожарено патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на Д.А. од Струга. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга, а повредени лица нема. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 02.09.2024 во 14.45 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Гостивар. По преземени мерки и активности било констатирано дека тој со уште две лица биле ангажирани за сечење на дрва во дворот на И.Р. во гостиварско Чегране и при работа на машина за сечење дрва се здобил со повредите. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар во содејство со инспектори од Државен трудов инспекторат.

На 02.09.2024 во 16.00 часот во село Кучково, скопско, униформирани полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје, затоа што предизвикале пожар откако претходно користеле пиротехнички средства. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.09.2024 во 23.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле М.Т.(35) од Битола, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.09.2024 во 19.55 часот во СВР Скопје, М.Д.(40) од Скопје пријавил дека околу 11.30 часот во филијала на банка на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање за ред во филијалата, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.09.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу О.Ѓ.(64) и Е.Ј.(22), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во СВР Скопје било пријавено дека на 29.08.2024 околу 19.40 часот на подрачјето на Центар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.Г.(43) од Скопје и Д.К.(32) од Велес од една страна и А.Т.Р.(45) и Н.Р.(46) двајцата од Скопје, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.     

На 02.09.2024 во 13.05 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека на патот од с.Јаболци кон с.Брезница, скопско, настанал пожар. Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека додека двајца вработени во Јавното претпријатие за државни патишта со машина обележувале ленти на патот, машината експлодирала и од пламенот настанал пожар, кој зафатил нискостеблеста шума од двете страни на патот. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. За настанот бил запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.09.2024 околу 17.45 часот во ОВР Пробиштип било пријавено дека во помошен објект на ул.„Миро Барага“ во Пробиштип, сопственост на П.Д.(88) од Пробиштип, настанала експлозија на плинска боца и пожар. Притоа, сопственикот се здобил со повреди и бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување помош. Од пожарот настанало делумно оштетување и на соседната куќа, сопственост на Ц.В.. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Пробиштип пожарот бил изгаснат, а по наредба на јавен обвинител увид на местото извршила екипа од ОВР Пробиштип.

На 02.09.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје, Г.Н.(49) од Скопје пријавил дека на 01.09.2024 околу 22.45 часот во станбена зграда на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син и негов другар биле физички нападнати од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.09.2024 во 14.20 часот во Полициската станица Кочани, Д.М.(38) од село Тркање, кочанско, пријавил дека на 01.09.2024 околу 01.00 часот на паркинг простор во Кочани, неговиот малолетен син бил физички нападнат од еден малолетник од Виница и уште неколку други лица, кои употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 02.09.2024 во 15.44 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со влошена здравствена состојба бил донесен П.С.(67) од Скопје, осуденик во Казнено – поправната установа Затвор Идризово. Според пријавеното, околу 14.00 часот во затворот му се слошило, по што со возило на затворска полиција бил пренесен во „Мајка Тереза“, каде што во 15.25 часот лекар констатирал смрт. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 02.09.2024 во 16.00 часот во ОВР Виница, 36 – годишна жена од Виница пријавила дека на почетокот на јули 2024, С.Н., сопственичка на куќата во Виница во која престојувала под кирија, ја принудила да подигне брз кредит, по што со закана и ги одзела парите и ја избркала од домот. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово целосно расчистување.   

На 02.09.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје, М.М.(38) од Скопје пријавила дека на 19.08.2024 околу 09.00 часот во казино, а потоа и пред објектот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање околу должничко-доверителски односи, била физички нападната од М.Р.(32) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.09.2024 во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.Џ.М.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 02.09.2024 во 13.15 часот во Полициската станица Центар, од установа за згрижување на деца на подрачје на општина Центар било пријавено дека од установата се оддалечила нивната штитеничка В.Б.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 02.09.2024 во  14.30 часот во Полициската станица Кичево, В.В.(63) од с.Мидинци, кичевско, пријавил дека на ул. „4 Јули“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

На 02.09.2024 во 12.15 часот во Полициската станица Велес, Ј.П.(66) од Велес пријавил дека на ул.„Раштански пат“ во Велес бил каснат од куче скитник.

Денеска (03.09.2024) во 08.10 часот во Полициската станица Карпош, С.Н.(45) од Скопје пријавила дека на бул.„Илинден“ во Скопје била касната од куче скитник. 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Д.(32) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“. На 27.08.2024 пред казино во Прилеп, пријавениот побарал од З.Ч. да му размени евра, по што од раката насилно му ги одзел парите и побегнал.  

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(21), А.А.(19), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“ и против Г.К.(18) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 29.07.2024 пред угостителски објект во Тетово, пријавените физички го нападнале И.М., а подоцна физички нападнале и полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Е.С.(23) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прокрузори“. На 11.07.2024 во Дебар, пријавениот му продал марихуана на друго лице, која била пронајдена и одземена.  

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.К.(44), К.Ѓ.(30), К.Ѓ.(21), А.М.(29) и М.У.(27), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 14.04.2024 на бул.„Маршал Тито“, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од третопријавениот, при што била пронајдена марихуана. По преземени мерки било констатирано дека на 14.04.2024, третопријавениот имал комуникација на социјална мрежа со првопријавениот, кој го информирал дека четвртопријавениот нарачал марихуана и требало да му ја однесе во с.Мокрино. На договореното место, третопријавениот ја преземал марихуаната од прво и второпријавениот. Истата ноќ, на местото каде била договорена купопродажбата, полициски службеници го затекнале петтопријавениот, кој бил лишен од слобода, спроведен во полициска станица Струмица и во извршен службен разговор потврдил дека требало да се сретне со третопријавениот и да ја подигне марихуаната.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против А.В.(28) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Во текот на 2023 година, на катастарска парцела во државна сопственост, пријавениот поставил врата со должина од 6м и противправно се стекнал со туѓо земјиште.

На 03.09.2024 во 05.05 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворот починал осуденикот А.О.(58) од Скопје, кој имал здравствени проблеми. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција. цр/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан