• четврток, 26 март 2026

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 6 март 2025 (МИА) - На 05.03.2025 во 23.00 часот на пресекот на улицата „Магистрален пат“ со булеварот „Железничка“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Н.К.(36) од Кичево.

При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „рено“ без регистарски таблички, кое Н.К. го управувал, и притоа констатирале дека тој е под дејство на алкохол и веднаш го исклучиле од сообраќај. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик -  „безобѕирно управување со моторно возило“.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Л.(29) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При претрес во неговиот дом во Охрид, извршен со судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа марихуана.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против П.С.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На патот Кичево-Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Кичево извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.З.(29) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

На 27.02.2025, полициски службеници од ОВР Дебар извршиле контрола на улица „Елена Шика“ во Дебар, при што констатирале дека пријавениот со патничко возило „шкода“ врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај без да поседува лиценца издадена од надлежен државен орган.

На 05.03.2025 во 13.30 часот во СВР Велес извршен е службен разговор со 43-годишната В.В. од Велес. Имено, во 06.55 часот на обележан пешачки премин на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, со патничко возило „киа“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувала, удрила во 16-годишник од Велес и го напуштила местото.

Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во болницата во Велес. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

На 05.03.2025 во 21.30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(62), постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом со остар предмет и се заканувал на својата 59-годишна сопруга.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.03.2025 во 11.50 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 618.000 денари.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете - мигрант и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.03.2025 во 16.00 часот на место викано „Слобода“, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Ново Село запреле патничко возило „рено меган“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.О.(34) од село Нова Маала, општина Василево.

При извршени проверки било констатирано дека М.О. на увид приложил фалсификувана белгиска возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

На 05.03.2025 во 13.25 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосница од бул.„Борис Трајковски“ со ул.„Саса“ во населба Пинтија настанал пожар во патничко возило во движење „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(52) од Скопје.

Од пожарот било зафатено и друго патничко возило во движење „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(34) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.03.2025 во 15.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар настанал пожар на патничко возило „шевролет матиз“ во движење со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(48) од Скопје.

Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид.

На 05.03.2025 во 15.40 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 06.00 часот, осуденикот Б.М.(26) физички го нападнал осуденикот С.Р.(27), двајцата од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.03.2025 во 21.00 часот во СВР Скопје, С.А.(36) од Тетово пријавил дека на 27.02.2025 околу 00.45 часот во казино на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од С.А..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.03.2025 во 09.22 часот во СВР Скопје, К.Д.(35) од Скопје пријавила дека околу 04.00 часот, нејзиниот 15-годишен син примил порака на социјална мрежа од лажен профил на неговата девојка, за да се сретнат.

Како што е пријавено, откако отишол на договореното место, бил пресретнат од четири машки лица, од кои едниот го познавал, кои со употреба на сила го однеле во куќа на подрачјето на Ѓорче Петров, физички го нападнале и му го одзеле мобилниот телефон. Исто така, според пријавеното, настанот го снимале и објавиле на социјална мрежа, но набргу бил избришан. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.03.2025 во 14.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници лишиле од слобода 17-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека допирал малолетничка по телото.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 05.03.2025 околу 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.З.(24) од Скопје и патничко возило, по што возачот на патничкото возило со возилото го напуштил местото на незгодата.

Притоа, со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.03.2025 во 14.30 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека се вратил нивниот штитеник Х.С.(16), за кој на 18.02.2025 било пријавено дека се оддалечил од установата.

На 05.03.2025 во 15.20 часот во СВР Скопје, А.С.(47) од Белгија пријавила дека на пазар на подрачјето на Бит-пазар, едно лице ѝ ја одзело чантата со пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.03.2025 во 20.00 часот во ОВР Гостивар, Р.М.(70) од Гостивар пријавил дека на улица „ЈНА" во Гостивар бил каснат од куче скитник.

На 05.03.2025 во 11.55 часот во СВР Битола, З.Г.(61) од Битола пријавил дека во Градскиот пазар во Битола бил каснат од куче скитник.

На 05.03.2025 во СВР Битола, К.Џ.(43) од Битола пријавил дека на бул.„1 Мај” во Битола бил каснат од куче скитник.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.Н.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 27.02.2024 во Скопје,  полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.И.(38) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „симнување и оштетување службен печат или знак“.

На 15.08.2023, пријавениот како сопственик и инвеститор на градба во Куманово, неовластено симнал и уништил службен знак, табла и лента кои претходно ги поставило овластено службено лице - градежен инспектор од општина Куманово на неговата започната бесправна градба, по што продолжил со изградба на бесправниот објект.

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Б.А. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа’’.

На 25.01.2025 на Граничниот премин „Табановце“, при пасошка контрола и проверка на влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана возачка дозвола.

Регионалниот центар гранични работи Север поднесе кривична пријава против Р.З. и Б.Н., двајцата од с.Блаце, Скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење’’.

На 10.02.2025 на илегален премин „Рушен мост“ на Радушка река, атар на с.Радуша, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево извршиле контрола на патничко возило „фолксваген шаран’’, при што била пронајдена и одземена разновидна стока.  

СВР Штип поднесе кривична пријава против Г.Г.(68) од с.Жиганци, општина Чешиново-Облешево, поради постоење основи за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 03.02.2025 во с.Чешиново, пријавениот на повеќе места запалил сува трева во близина на одводниот канал, при што предизвикал пожар. хс/

Фото: МИА архива 
 

 

 

Остани поврзан