МВР Билтен (ДПЛ)
- Во текот на вчерашниот ден и денеска (08/09.09.2024) полициски службеници од СВР Скопје преземаа засилени мерки и активности за безбеден град Скопје, при што беа легитимирани 87 лица, а преглед бил извршен на 37 моторни возила.
Скопје, 9 септември 2024 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден и денеска (08/09.09.2024) полициски службеници од СВР Скопје преземаа засилени мерки и активности за безбеден град Скопје, при што беа легитимирани 87 лица, а преглед бил извршен на 37 моторни возила. Лишени од слобода биле пет лица по член 215 од Кривичниот законик и три лица поради недозволено поседување на оружје. Исто така, лишени од слобода биле две лица по член 396 од Кривичниот законик и едно лице по член 235 и 378. Едно лице било приведено за доиздржување на казна затвор. Засиленото полициско присуство за безбеден град Скопје продолжува и во наредните денови.
На 08.09.2024 во 15:29 часот во СВР Куманово, Т.Г. пријавил дека пред маркет во село Доброшане, кумановско, бил физички нападнат од М.П.(37), двајцата од село Доброшане, кумановско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.09.2024 во 12:30 часот во СВР Куманово, жена од Куманово пријавила дека околу 9 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот син И.А.(48). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.09.2024 во 22 часот по пријава од концесионер на ловиште за можно вршење на кривично дело - „незаконит лов“ во атар на Маала Пасјак-село Нов Истевник, делчевско, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Делчево, било излезено на местото на настанот при што веднаш до патот кој води кон Маала Пасјак, биле затекнат А.Д. концесионер на ловиште, како и Д.Ѓ.(41), В.Б.(62) и А.А.(52). По извршен разговор било утврдено дека Д.Ѓ. носел пушка, а, според неговиот исказ, со намера да си го заштити насадот со пченка кој се наоѓал во близина на Маала Пасјак, на кој дивите свињи му правеле штета. По насоки на јавен обвинител, ловната пушка е одземена и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.09.2024 во 17:15 часот во СВР Штип, Т.Ѓ.(20) пријавил дека околу 17 часот во Штип бил физички нападнат од Н.Д.(30), двајцата од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (09.09.2024) во 4 часот во СВР Штип, С.А.(35) пријавил дека околу 1 часот во Штип бил физички нападнат од Т.Ѓ.(20) и Љ.Б.(47), сите од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.09.2024 во 17 часот во СВР Штип 21-годишна штипјанка пријавила дека околу 2 часот Б.Т.(28) од Штип во неговиот дом во Штип ја нападнал со остар предмет и се обидел да изврши обљуба. Според пријавителката, таа дошла во домот на Б.Т. по претходен договор со намера да разговараат околу раскинувањето на нивната долгогодишна врска, но настанала расправија по што Б.Т. ја нападнал со остар предмет и се обидел да изврши обљуба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.09.2024 во 19:30 часот во СВР Скопје М.С.(33) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Т.Ш.(45) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.09.2024 во 21:30 часот во СВР Скопје И.К.(42) од село Булачани, скопско, пријавил дека околу 20:40 часот во селото бил физички нападнат од Д.М.(44) од Скопје и Б.С.(43) од село Булачани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.09.2024 во 14:25 часот во СВР Скопје С.С.(54) од Скопје пријавила дека во угостителски објект на подрачјето на Центар, Р.М. и одзел ташничка со пари, лични документи и други лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.09.2024 во 19:30 часот во СВР Скопје М.И.(28) од Скопје пријавил дека околу 17:40 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, бил физички нападнат од А.М.(56) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следувa соодветен поднесок.
На 08.09.2024 во 11:30 часот во Полициската станица Гази Баба С.И.(77) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка А.С.(47), која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 08.09.2024 во 21:15 часот во СВР Скопје 27-годишна жена пријавила дека околу 17:30 часот во домот на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот сопруг Р.Ч.(25) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.09.2024 во 21:30 часот во СВР Скопје, Х.А.(23) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 14.00 часот во селото Долно Количани-скопско додека се движел со своето возило „фолксваген шаран“ заедно со неговиот роднина О.Ј., бил запрен од неколку лица, при што од едно лице на моторцикл во воздух биле испукани неколку куршуми од огнено оружје. Потоа пријавителот се упатил кон селото Горно Количани, каде што, според пријавеното, повторно бил запрен од лицата, при што еден од нив со пиштол почнал да му упатува закани. Исто така, на 08.09.2024 во 20.30 часот Е.Б.(19) од село Долно Количани пријавил во СВР Скопје дека истиот ден околу 13.40 во Долно Количани, додека имало веселба среде селото, бил навредуван заради паркинг место од Б.Ј., кој потоа со патничко возило „ауди“ што го управувал удрил во друго паркирано возило. Според пријавителот, по кратко време, во чајџилницата каде што тој се наоѓал, дошол О.Ј. со друго лице кое се претставило како полициски службеник Х.А. и го прашале пријавителот да објасни што се случило, и кога Е.Б. почнал да објаснува, Б.Ј. од пиштол испукал неколку куршуми во воздух. Потоа, според пријавеното, О.Ј. му го одзел пиштолот на Б.Ј. и двајцата се дале во бегство. О.Ј. и Б.Ј. се приведени и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.09.2024 во 21.10 часот во СВР Скопје, М.Л. од Скопје пријавил дека В.А. и Д.С. го внеле во возило и физички го нападнале, а употребиле и тврди предмети, а потоа го возеле во возилото и го оставиле на подрачјето на Карпош. Според пријавеното, причина за нападот биле нерасчистени должничко-доверителски односи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (09.09.2024) во СВР Скопје, С.Р.(46) од село Бардовци, скопско, пријавил дека околу 4 часот настанал пожар на неговото патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски таблички. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.09.2024 во 14:10 часот полициски службеници од ПО Групчин во атар на тетовска Горна Лешница, поради основано сомнение за сторен царински прекршок, одзеле патничко возило „ренџ ровер", без регистерски таблици, управувано од Е.Р.(64) од село Палатица, кој не поседувал никакви документи за возилото и патничко возило „шевролет спарк" без регистерски таблици, управувано од А.А. (29) од село Добарце, кој исто така не поседувал никакви документи за возилото. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. ар/нд/
Фото: МИА архива