• сабота, 21 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера во 13.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, го лишиле од слобода А.Д.(35) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.   

Вчера во 07.00 часот во с.Селце, штипско, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода А.М.(54) и Д.М.(32), двајцата од с.Селце. При претрес во домот на Д.М. во Штип, извршен со судска наредба, била пронајдена ловечка пушка „бајкал“, за која не поседувал дозвола. Подоцна, исто така, со судска наредба, бил извршен и претрес во домот и возило „лада“ на неговиот татко А.М., при што биле пронајдени и одземени 69 боеви куршуми со различен калибар, 289 ловечки патрони, 34 маневарски куршуми, пакувања со барут, пакувања со оловни сачми, пиротехнички средства, алат за рачно полнење на муниција, една ловечка пушка „ИЖ“ 18 калибар 12 мм и ловечки патрони. По наредба на јавен обвинител, лицата биле задржани во полициска станица. Против А.М. по брза постапка била поднесена кривична пријава по член 396 став 2 - „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. Додека од судија на претходна постапка при Основен суд Штип му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена. Против Д.М. ќе биде поднесена кривична пријава по редовна постапка по член 396 став 1 од кривичниот законик.  

Денеска со судска наредба, полициски службеници од СВР Битола во с.Свето Митрани, крушевско, извршиле претрес во куќа сопственост на Г. Б.(38) од с.Свето Митрани.  При претресот биле пронајдени и одземени пушка, пиштол, две рамки за пиштол и куршуми за пиштол. По целосно документирање на настанот, против Г.Б. ќе следува соодветна пријава.

Вчера полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија и ОВР Валандово на повеќе локации на подрачјата на Струмица, Гевгелија, Богданци и Валандово извршиле контрола на патничко возило „рено“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.М.(33) од Струмица, патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(35) од Струмица, патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.С.(44) од село Баница, струмичко, патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Х.К.(30) од Струмица, патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.К.(20) од село Баница, струмичко, патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.Ф.(33) од Струмица, патничко возило „фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.А.(44) од Струмица, патничко возило „мерцедес“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(35) од село Пиперево, општина Василево, патничко возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(41) од Радовиш, патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.С.(21) од село Баница, струмичко и патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Џ.Д.(44) од село Доброшинци, општина Василево. При контролата било констатирано дека возачите со возилата вршат јавен превоз на патници без да поседуваат лиценца издадена од надлежен орган. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.К.(23) од дебарското село Отишани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекрусори“. При контрола на патничко возило „мерцедес“, со кое се превезувал, извршена на 24.08.2024 кај месноста „Удово“ во близина на Дебар, полициските службеници кај него, пронајдоа и одзедоа марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.

Денеска во 03.20 часот во с.Доброште, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Г.Ц.(52) од с.Мала Речица, тетовско, кој бил пријавен од лице од тетовско дека го слушнал како пред неговата куќа разговара со друго лице и се договараат да му постават експлозивна направа кај неговата куќа, а околу 10.15 часот покрај локалниот пат во близина на куќата на пријавителот, полициски службеници пронашле две неексплодирани рачни бомби, кои биле безбедно подигнати. Г.Ц. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

Во СВР Скопје, денеска во 14.30 часот А.Ш.(47) од с.Бојане, скопско, пријавил дека во неговата нива во с.Бојане, скопско, пронашол железен предмет кој наликувал на експлозивна направа. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување констатирал дека се работи за артилериска граната калибар 75 мм - панцирно зрно, која потекнува од Втората светска војна и која била безбедно подигнато за понатамошна постапка.

Вчера во Полициската станица Аеродром бил извршен службен разговор со Е.А.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 08.00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром- Скопје, физички ја нападнал неговата 37 - годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во Полициската станица Кочани, вчера во 19:20 часот од Итна медицинска помош Кочани било пријавено дека Б.З.(70) и М.З.(45) од с.Чешиново, кочанско, кај нив со повреда на главата ја донеле почината нивната сопруга односно мајка, Ѓ.З.(69) од с.Чешиново. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител и поради сомнение за нивна инволвираност во настанот, од слобода биле лишени Б.З. и М.З.. Исто така, по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција. Од извршената обдукција е констатирано дека не се работи за насилна смрт туку истата починала од срцев удар.

Вчера во 01.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во дворно место на ул.,,Карл Маркс“ во Штип било опожарено патничко возило „рено лагуна“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на Б.С.(41) од Штип. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје вчера е пријавено дека околу 16.20 часот во Скопје, на подрачје на Центар, Х.А.(22) и Е.К. (21) од Скопје биле физички нападнати од група од десетина лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Исто така, околу 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар група од повеќе лица физички нападнале 17-годишен малолетник од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје, С.С.(30) од с.Крушопек, скопско, пријавил дека околу 18.00 часот на пазар на подрачјето на Гази Баба, додека извршувал работни задачи, бил физички нападнат од Н.В., С.С. и уште две други лица, кои употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска во 00.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, по претходни меѓусебни недоразбирања, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 40 – годишната А.М. и 20 – годишната Р.Б. од една страна и 21 - годишната С.М. од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 38 – годишната А.М. од Скопје и 39 – годишната Ш.М. од с.Трубарево, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 01.50 часот во с.Бојане, скопско, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Ќ.(22), З.С.(19), А.М. и А.В., сите од с.Бојане. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.     

Вчера во 13.30 часот во просторијата за испрашување во Полициската станица Бит Пазар, каде што бил вршен службен разговор со Г.М.(44) од Скопје, тој агресивно се однесувал и се заканувал на полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во СВР Скопје вчера во 10:00 часто било пријавено дека во Казнено - поправната установа Затвор Идризово бил пронајден починат В.Ѓ.(45) од Велес, кој издржувал казна затвор во установата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Скопје. 

Вчера полициски службеници при СВР Штип го лишиле од слобода Б.С.(62) од штипско село поради постоење основи на сомнение дека на 05.10.2024 се обидел да изврши обљуба над 30-годишна жена од штипско. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.  

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.М.(27), Р.Б.(23), двајцата од с. Копаница, општина Сарај и Н.Ф.(26) од с.Бојане, општина Сарај, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 11.09.2024 на регионалниот пат Тетово - Јажинце, кај с. Доброште, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, управуван од Ј.М., а сопатници биле Р.Б., Н.Ф. и уште едно лице од Скопје, при што кај тројцата пријавени и во возилото била пронајдена марихуана и било утврдено дека Ј.М. и овозможил во возилото да користат марихуана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.И.(34) од с.Горно Седларце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 12.06.2024 на регионалниот пат с.Камењане кон с.Горно Седларце, полициски службеници го забележале пријавениот како продава дрога на друго лице, а откако ги забележал полициските службеници со своето патничко возило „фолксваген голф“ го напуштил местото Притоа, бил извршен преглед над другото лице и бил пронајден кокаин, кој го купил од пријавениот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Р.(54) и С.Н.(56), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.  Првопријавениот набавил кокаин и хероин и заедно со второпријавениот во угостителски објект во Охрид, сопственост на првопријавениот, ги препакувале и вршеле продажба на подрачјето на Охрид. При претрес во објектот биле пронајдени дигитална вага со остатоци од  хероин и кокаин и дробилка со остатоци од марихуана. 

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Ѓ.П.(23) и А.К.(21), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.02.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавените и возилото во кое биле, при што биле пронајдени амфетамин и дигиталната вага со остатоци од амфетамин и тетрахидроканабинол. 

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против О.Н. (28) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 08.01.2024, при преглед кај пријавениот, биле пронајдени таблети МДМА и пари во различни апоени и валути. Додека, при претрес во домот на пријавениот била пронајдена марихуана. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(68) од с.Мала Речица, тетовско и Х.З. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 12.05.2024 во Тетово, поради претходно меѓусебно недоразбирање, пријавените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.Б.(23) и Ш.Ф.(24), двајцата од с. Гајре, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 22.04.2024 во угостителски објект во Тетово, пријавените физички го нападнале Б.Ќ.(22) од с.Јажинце, тетовско, при што употребиле и тврди предмети.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.З.(42) од с.Горно Седларце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство. На 09.07.2024, пријавениот физички го нападнал неговиот татко и му нанел повреди.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.Н.(69) од Тетово и А.С.(31) од с.Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 09.06.2024, пријавените физички го нападнале Д.Ј.(33) и му нанеле повреда.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.И.(40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 10.05.2024, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга. аа/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан