Приведен дебранец кој се заканувал со пиштол кон сограѓани, меѓу нив и малолетници
- Полициски службеници од Дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода жител на Дебар, поради закана со пиштол на негови сограѓани, меѓу нив и малолетници.
Дебар, 20 декември 2024 (МИА) - Полициски службеници од Дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода жител на Дебар, поради закана со пиштол на негови сограѓани, меѓу нив и малолетници.
-Синоќа, во 21.15 часот на улица „Јусуф Грвала“ (поранешна Вељко Влаховиќ) полициските службеници го лишија од слобода А.Р.(40) од Дебар, постапувајќи по претходна пријава дека предизвикал расправија со Р.Х.(23) и уште двајца малолетници, по што им се заканил со пиштол, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи Охрид.
Според Димоски, по целосно документирање на настанот, против А.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава. вт/вј/
Фото: МИА