• недела, 28 април 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 20 февруари 2024 (МИА) - Вчера во 20:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(26) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од две години и шест месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. С.А. бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Вчера во 16:00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.С.(28) од Кавадарци. Тој се сомничи дека претходно извршил кражба во паркирано патничко возило „цитроен“ со светиниколски регистарски ознаки, сопственост на Е.К.(27) од Кавадарци, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Д.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 10:10 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ја привеле В.И.(23) од Куманово. Таа се сомничи дека претходно во трговски објект во Струга извршила кражба, при што одзела повеќе производи. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно расчистување и документирање на случајот, против В.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во 12:50 часот вчера во Велес, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес ги лишиле од слобода А.Б.(20) и Б.Ц.(20), двајцата од Велес, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветена пријава.

Во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип вчера го привеле С.Д.(34) од Штип. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено - поправната установа Затвор Струмица за издржување затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во установата за издржување на казната.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.С.(30) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “. При преглед во неговото патничко возило „фолксваген пасат“, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана.   

На 19.02.2024 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 27 прекршоци, од кои 18 надвор од населено место и 9 во населено место. Санкционирани биле и 33 други видови на прекршоци.

Синоќа во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ч. од Крушево, со престој во Скопје, по претходна пријава од неговата 35-годишна сопруга дека на 18.02.2024 околу 22:00 часот во домот физички го нападнал нивниот малолетен син. Известен бил Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 17:15 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.А.(34) од с.Сарај, скопско, пријавил дека околу 16:40 часот на подрачје на Ѓорче Петров во Скопје, Г.Х. од с.Кондово му упатил закани и со тврди предмети фрлал кон него и неговото возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки. Притоа, возилото било оштетено, а тој се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска во 03:00 часот во СВР Скопје, Б.М.(36) од Скопје пријавила дека околу 00:00 часот во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот сосед Б.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 15:30 часот во СВР Скопје, 35 - годишна жена пријавила дека околу 13:30 часот во близина на угостителски објект на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот брачен партнер Д.Н.(57) од Скопје, кој ѝ упатувал и закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 15:50 часот во СВР Скопје, Н.П.(28) од Скопје пријавил дека околу 03:30 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Х.Н., Д.Н. и А.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 19:30 часот во СВР Скопје, Ф.А.(41) од Скопје пријавила дека околу 14:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 14:00 часот во СВР Скопје, Т.М.(46) од Скопје пријавила дека на 12.02.2024 на подрачјето на Карпош била физички нападната од Т.П.(56) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 15:50 часот во СВР Скопје, Д.В.(28) од с.Волково, скопско, пријавил дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера околу 07:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачје на Чаир, три лица со закана кон вработениот одзеле пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачје на Бит Пазар, едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера околу 11:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на подрачје на Кисела Вода во Скопје починала Д.С.(67) од Скопје. Лекар од Итна едицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

Вчера во 12:00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник И.И.(13), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчера во 16:20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Г.З.(51) од с.Волково, скопско, пријавил дека на ул.„Лука Геров“ бил каснат од куче скитник.

На 19.02.2024 во 20:15 часот во Полициската станица Центар, Б.М.(25) од Скопје пријавил дека на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 19.02.2024 во 10:50 часот во СВР Битола, З.С.(52) од с.Живојно, битолско, пријавил дека на ул.„Широк Сокак” во Битола неговиот малолетен син било каснат од куче скитник.

На 19.02.2024 во 11:00 часот во СВР Битола, Д.С.(49) од с.Буково, битолско, пријавила дека на ул.„Широк Сокак” во Битола нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Вчера во СВР Тетово, 49 - годишната тетовка А.И. пријавила дека на улица „Борис Кидрич“ во Тетово нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против С.С. (38) од Прилеп и Ѓ.П. (55) од с.Ореше, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“. Пријавените, со употреба на сила влегле во три куќи, при што одзеле пари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(26) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 02.02.2024 во семејниот дом, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал својот татко и со остар предмет му упатил закани.

Вчера во 16:15 часот во Полициското одделение Мирковци, Љ.К.(53) од с.Кучевиште, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка И.К.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(68) од с.Горно Седларце, А.Р.(32), С.Р.(38), Р.Р.(49), сите од с.Радиовце, тетовско, Л.М.(38) и И.М.(24) двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 04.08.2023, по претходна расправија во угостителски објект во с.Волковија, општина Брвеница помеѓу првопријавениот и Ф.М., која била ангажирана на семејна веселба, И.М. заедно со Ф.М., која е негова вереница, се упатиле во с.Радиовце, каде биле пресретнати од останатите пријавени. Притоа, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, во која А.Р. со нож нанел повреди на Л.М. и Ф.М, а третопријавениот репетирал пиштол кон И.М. и Л.М..

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(40) и неговиот малолетен син, двајцата од с.Копачин Дол, општина Желино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 31.12.2023, по претходна расправија, настанала пресметка помеѓу пријавените, при што биле употребени остри предмети, а притоа двајцата се здобиле со повреди.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против И.И.(47) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 14.02.2024, пријавениот упатил закани на  К.Ѓ.(47) од Македонска Каменица.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Ф.П.(34) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.09.2022 пред домот на пријавениот била затекната М.Д.(31) од Република  Црна Гора која набавила хероин од пријавениот. Додека, пак, на 12.04.2023 полициски службеници извршиле преглед на Е.Ш.(36), при што пронашле хероин, кој го набавиле од пријавениот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.Е. (33) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. На 18.03.2023, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ќ.Ф.(52) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции и прекурзори“. На 12.07.2023 во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле кокаин.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против Н.Т.(20) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.08.2023 во Гостивар, полициски службеници пронашле марихуана, која претходно ја фрлил пријавениот, а подоцна при преглед кај него, исто така, била пронајдена марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Х.Ј.(35) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 26.10.2023, пријавениот во неговиот дом овозможил употреба на хероин на друго лице. 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Н.Д.(55) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба наркотични дроги“. На 03.08.2023 во Струмица, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле марихуана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.В.(64) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На  25.04.2023 во Тетово, полициски службеници извршиле контрола, при што констатирале дека пријавениот вршел јавен превоз без да поседува лиценца.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(70) од с.Лисец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 07.02.2024 во Тетово, полициски службеници извршиле контрола, при што констатирале дека пријавениот вршел јавен превоз без да поседува лиценца. фф/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан