• четврток, 16 мај 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 11 јануари 2024 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Р.Т.(21) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 09.05.2023 на ул.„Нико Нестор“ во Струга од страна на полициски службеници при извршен преглед кај пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против М.И.(30) од село во општина Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 16.12.2022 во Македонска Каменица, од страна на полициски службеници  извршена е контрола на патничко возило „бмв“, сопственост на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Н.(52) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

На 21.12.2023  на ул. „Трета Македонска ударна бригада“ во Куманово од страна на полициски службеници при извршен преглед кај пријавениот биле пронајдени и одземени се 550 парчиња пиротехнички средства.

На  10.01.2024  во 15.50 часот полициски службеници од  СВР Куманово го лишиле од слобода Н.П. (28) од Куманово.

Тој се сомничи дека на 09.01.2024 во угостителски објект на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово влегол со употреба на сила и одзел пари. Н.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 10.01.2024  во 21.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.И. (31) од Куманово.

Тој се сомничи дека од куќа во местото викано „Бавчи“ во Куманово одзел предмети. М.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 10.01.2024  во 21.30 часот, полициски службеници од ОВР Дебар, ги приведоа Е.М.(34), А.М.(39) и М.М.(45), сите од дебарското село Долно Косоврасти.

Тие претходно се затекнати покрај брегот на реката Радика   при нелегален ископ на песок, кој потоа го товареле на трактор со дебарски регистарски ознаки. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ф.(65) од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.  

На катастарска парцела во близина на селото, покрај магистралниот пат Струга - Ќафасан, без одобрение издадено од надлежен државен орган, тој неовластено изградил деловен објект, што било констатирано од извршен инспекциски надзор.

На 10.01.2024  во 15.20 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Н.(29) од неготинско село, по пријава од неговиот 51-годишен татко, затоа што, според пријавеното, во семејната куќа физички го малтретирал и му се заканувал.

М.Н. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител  и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.01.2024 околу 22 часот полициски службеници од СВР Битола го пронајдоа патничкото моторно возило марка „фиат добло“, за кое истиот ден во 17.20 часот сопственикот Д.И. (60) пријавил дека му било одземено.

Возилото му е вратено на сопственикот.

На 10.01.2024 година во 12.47 часот во СВР Куманово Д.С. од Куманово пријавил декa во село Шупли Камен, Кумановско, бил физички нападнат од Н.Т.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.01.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје 68-годишен маж пријавил дека на 09.01.2024 околу 09.30 часот во домот на подрачјето на општина Кисела Вода во Скопје бил физички нападнат од својот син Д.Ч.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан