• недела, 22 декември 2024

МВР апелира за нови интернет измами: Граѓаните да не споделуваат лични податоци и податоци од платежни картици

МВР апелира за нови интернет измами: Граѓаните да не споделуваат лични податоци и податоци од платежни картици

Скопје, 12 октомври 2024 (МИА) - МВР информира дека во периодов зачестена е појавата на лажни профили на социјалните мрежи кои се преставуваат во име на Интерпол или Министерството за внатрешни работи или во име на компании кои нудат некаков вид на помош, посредување па дури и враќање на парични средства на лица кој своите средства ги изгубиле во лажни онлајн инвестиции како што беше „Конти“ и други слични на него.

-Во однос на горенаведеното сакаме како Министерство за внатрешни работи да информираме а воедно и да предупредиме дека се работи за класични интернет измами или таканаречени Phishing  измами чија цел е прибирање на лични податоци со цел понатамошно нивно користење во криминални деанија, како и злоупотреба на нивните платежни картици со цел стекнување на финансиска корист, стои во соопштението на МВР.

МВР апелира до граѓаните да не наседнуваат на ваквиот вид на измами и да бидат многу внимателни каде ги оставаат своите лични податоци како и податоците од своите платежни картици.

-Исто така напоменуваме дека Министерството за внатрешни работи има свои канали на комуникација, односно сите линкови кои се поврзани со нашето министерство можете да ги најдете на официјалната на страна на министерството за внатрешни работи, односно www.mvr.gov.mk . нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан