• сабота, 28 септември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен
Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - На 29.09.2022 во 13.30 часот на бул.„АСНОМ“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода – Одделение за криминалистички работи - Отсек потраги го лишиле од слобода З.С.(43) од Скопје. За него била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик. Лицето било предадено на надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната. На 29.09.2022 во Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода  С.П.(41) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две ќеси со марихуана, ќеса со кафеава грутчеста материја и повеќе таблетки. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 29.09.2022 во 14.00 часот на ул.„11 Октомври“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода П.К.(23) и С.Д.(20), двајцата од Скопје и С.Ј.(20) од Велес. Тие биле затекнати како оштетуваат излози на две правни лица, при што одзеле и разни предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле приведени во Полициската станица Кисела Вода и со нив бил извршен службен разговор. Известен бил Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Кисела Вода-Одделение за криминалистички работи против нив ќе поднесе соодветна пријава. На 29.09.2022 околу 22.25 часот во тетовско Боговиње, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Б.(22) и З.Ш.(26), двајцата од гостиварски Градец. При нивен и преглед на патничко возило „бмв“, со гостиварски регистарски ознаки, во кое тие се превезувале, им била пронајдена марихуана. Двете лица се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци. СВР Скопје – Единица за економски и комојутерски криминал поднесе кривична пријава против Ѓ.Б.(50) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка". Пријавената, во текот на мај 2022 година обезбедила податоци од платежна картичка на оштетеното лице и ги употребила за вршење на 12 неовластени транскации за купување на разни услуги во вкупна вредност од 17.000 денари и за тој износ го оштетила лицето, а таа се стекнала со противправна имотна корист. На 29.09.2022 во 11.27 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во пратка која пристигнала за осуденикот М.Ш.(25) од Струга била пронајдена кафеава прашкаста материја и ќесе со безбојна течност. Полициски службеници од СВР Штип излегле на местото и предметите биле одземени за понатамошна постапка. Исто така, во просторијата во која престојува М.Ш. затворски службеници извршиле претрес и пронашле мобилен телефон, кој исто така, бил одземен. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање ќе следи соодветна пријава. Во текот на вчерашниот ден (29.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 209 возачи. Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 104 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 105 надвор од населено место. Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), девет мерки за непочитување на првенство на минување, четири санкции за возач почетник, три мерки за прекршоци што ги прават пешаците... На 29.09.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 15 прекршоци, од кои 8 во населено место и 7 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 19 други видови на прекршоци, од кои 1 за технички неисправно возило, 1 за нерегистрирано возило, 5 за управување возило без возачка дозвола, 1 за возач почетник, 1 за претовар, 3 за некористење сигурносен појас и 7 за непрописно паркирање. На 29.09.2022 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(72) од Скопје, удрило во пешакот С.С.(52) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. На 29.09.2022 во 10.00 часот во Полициската станица Гази Баба, В.А.(66) од Скопје пријавила дека на ул.„Финска“ била касната од куче скитник. На 29.09.2022 во 17.55 часот во Полициската станица Драчево, И.А.(42) од Скопје пријавил дека на ул.„Робеспјерова“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. дма/    

Остани поврзан