• понеделник, 23 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен
Скопје, 12 февруари 2022 (МИА) - На 11.02.2022 полициски службеници од тимот за потраги во рамки на Единицата за внатрешни работи Чаир го лишиле од слобода С.Џ.(40). За него била распишана потерница со која се барал за издржување на затворска казна. Лицето е приведено во полициска станица по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.На 11.02.2022 во 22:30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода Е.А.(18) од Штип, за кого била распишана и потерница за издржување на казна затвор и 17-годишно женско лице од Скопје, кои биле фатени при извршување на кривично дело разбојништво. Имено, на паркинг кај МРТВ, тие со закана со тврд предмет одзеле пари од Ѓ.С.(49) од село Зубово, струмичко. Лицата се приведени и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 11.02.2022 во 19:45 часот полициски службеници од тимот за потраги при Одделнието за криминалистички работи Чаир го лишиле од слобода И.Р.(22). За него била распишана потерница со која се барал за доиздржување на затворска казна. Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Скопје во Скопје за издржување на казната.На 11.02.2022 при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници санкционирале 39 возачи кои извршиле престигнување на места каде е тоа забрането (Охрид-17, Струга-09, Кичево-07, Дебар-06). Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и подигнување на безбедносната култура кај возачите за целосно придржување до поставената патна сигнализација.На 12.02.2022 во 00:45 часот на подрачјето на Аеродром од полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода В.Т.(22) и Г.К.(22), двајцата од Скопје, затоа што кај В.Т. е пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 11.02.2022 при контрола на улица „8 Септември“ во Дебар, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“, со дебарски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(44) од село Новак, општина Центар Жупа. Притоа, било констатирано дека со возилото се врши јавен превоз на патници на релацијата Дебар-с.Новак, без соодветна документација за превоз на патници во внатрешниот сообраќај. По целосно документирање, ОВР Дебар ќе поднесе соодветна пријава.На 11.02.2022 во 21:40 часот во СВР Скопје, К.И.(65) од село Јурумлери, скопско, пријавил дека на улица „1646“, во близина на угостителски објект, бил каснат од куче скитник.На 11.02.2022 околу 22 часот кај село Радожда од полициски службеници од Полициска станица Франгово приведени се Р.С.(26), С.А.(29) и Д.Т.(36), сите од Индија, поради илегално преминување на границата и нелегален престој во државата. Лицата се пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Табановце“ за понатамошна постапка.На 11.02.2022 во 16:30 часот во Полициска станица Драчево М.А.(18) пријавила дека на улица „Герника“, во близина на игралиште, била касната од куче скитник. свс/цр

Остани поврзан