• четврток, 04 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен
Скопје, 12 октомври 2022 (МИА) - Денеска (12.10.2022) во 09.55 часот на ул.„Славеј планина“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(44) од Скопје. За него била распишана централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено поправна установа за издржување на казната.

Денеска (12.10.2022) во 10.10 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.И.(46) од Скопје.

За него била распишана централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено поправна установа за издржување на казната.   

На 11.10.2022 во 15.30 часот на ул.„Благој Крстиќ“ во Кавадарци, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.М.(40) од Кавадарци.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања бела прашкаста материја, неколку пакувања кафеава прашкаста материја, две дигитални ваги, пари во различни валути и апоени и други предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја.

Претходно, во 13.30 часот на ул.„Киро Спанџов“ во неговото паркирано возило бил затекнат И.П. (40) од Кавадарци, а во возилото бил и А.М.(36) од Кавадарци. При преглед кај нив и во возилото, кај И.П. била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.10.2022 година во 00.50 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Р.Б.(33) од Струмица.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со амфетамин и марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.10.2022 во 10.40 часот во Свети Николе, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе го лишиле од слобода Т.А.(34) од Свети Николе.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.  Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена сооодветна пријава.

На 11.10.2022 околу 17.35 часот на улица „Ленин“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, со судска наредба, го привеле 49-годишниот тетовец Н.А. за издржување  затворска казна.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 11.10.2022 околу 21.00 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле Б.Б. од Гостивар за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.   

На 11.10.2022 околу 17.05 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 19-годишниот А.П. од тетовски Челопек, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

На 11.10.2022 во 14.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.П.(35) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.10.2022 околу 22.00 часот во тетовско Горно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.С.(30) од тетовска Голема Речица, затоа што при негов и преглед на патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, во кое бил сопатник, му била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против Ф.С. ќе следува поднесок по член 215 од Кривичниот законик.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 102 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

На 11.10.2022 во периoдот од 11.00 до 19.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

Притоа, вкупно биле откриени и санкционирани 57 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-24 и ГВ-33). Од нив, 3 (ГВ) возачи пречекориле за повеќе од 70 километри на час, 13 (ТЕ-2  и ГВ-11) до 70 километри на час. При контролата, исто така, биле санкционирани и 88 пречекорувања на брзината во населено место (ТЕ-66 и ГВ-22), од кои 4 возачи (ТЕ) пречекориле за повеќе од 50 километри на час. На сите прекршители изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид сообраќаен прекршок се движат од 30 до 400 евра во денарска противвредност. При контролата санкционирани биле и 35 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-30 и ГВ-5).

На 11.10.2022 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

За време на контролата биле констатирани 74 прекршоци, од кои 46 во населено место и 28 надвор од населено место, од нив 14 на подрачјето на Пробиштип, 13 во Виница, 12 во Делчево, по 11 во Штип и во Свети Николе, 9 во Кочани и 4 во Берово. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 43 други видови на прекршоци, од кои 21 за управување возило без возачка дозвола, 5 за управување нерегистрирано возило, 3 за возач почетник, 4 за управување возило под дејство на алкохол, 7 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон и 2 за непрописно паркирање.

На 11.10.2022 во периодот од 13.00 до 19.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.

Притоа, биле констатирани 57 пречекорувања на брзината, од кои 16 на подрачје на Струмица, 15 на подрачје на Гевгелија и по 13 на подрачјата на Радовиш и на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

На 11.10.2022 околу 08.30 часот во СВР Велес, Г.А.(55) од Велес пријавил дека на ул.„Коле Цветков“ во Велес бил каснат од куче скитник.  сст/

Остани поврзан