• среда, 05 март 2025

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 5 март 2025 (МИА) - На 04.03.2025 во 10.20 часот во угостителски објект во Тетово, полициски службеници од Биро за јавна безбедност при МВР го лишиле од слобода Џ.Д.(56) од с. Гајре, Тетовско, поради основано сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. При контрола во објектот, полициски службеници извршиле преглед на повеќе лица и притоа кај Џ.Д. биле пронајдени и одземени пари во различни валути и апоени, список со должници и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривично дело. Подоцна, со судска наредба, во присуство на адвокат, неговата сопруга и неговиот брат, биле извршени претреси во два негови станови во Тетово, како и во семејниот дом во с.Гајре. Притоа, во едниот стан во Тетово и во домот во с.Гајре биле пронајдени и одземени пари во различни валути и апоени, тетратки со списоци од должници и телефонски броеви, три лап-топ компјутери, мобилни телефони и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.03.2025 во 17.15 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода К.Е.(31) и М.Е.(25), двајцата од Кочани. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бајкал“ калибар 12 GA, куршуми со различен калибар, марихуана и грендер со остатоци од марихуана. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 04.03.2025 во 16.50 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(23) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.03.2025 во 20.10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.М.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 04.03.2025 во 14.45 часот во СВР Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.М.(36) од Велес, кој бил баран по распишана централна потерница. Притоа, кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.03.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.03.2025 во 22.20 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ч.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 04.03.2025 во 14.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, за влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.М.(32) од с.Боговиње, Тетовско, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека од Основен кривичен суд Скопје му била определена мерка притвор. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор. 

На 04.03.2025 во 14.30 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Б.(45) од Република Албанија затоа што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека на увид приложил фалсификувана лична карта. Лицето било предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка. 

Денеска (05.03.2025) во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, патничко возило „мицубиши аутлендер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.В.(26) од Скопје, удрило во велосипед управуван Б.К.(78) од Скопје. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал велосипедистот Б.К., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Увид извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, а возачот К.В. бил лишен од слобода. Тој бил спроведен во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 04.03.2025 во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово,  во атaр на село Арнакија, општина Сарај, се случила сообраќајна несреќа  помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(30) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(39) од с.Буковиќ, Скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.И., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 04.03.2025 во 12.00 часот во Полициската станица Гази Баба, И.С.(48) од с.Инџиково, Скопско, пријавил дека во с.Булачани, Скопско, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 04.03.2025 во 19.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.П.(59) од Скопје пријавила дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје била касната од куче скитник. 

На 04.03.2025 во 10.36 часот во Полициската станица Велес, Б.Н.(71) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник. мд/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан